30.12

Сите заслужуваме да работиме она што не прави среќни!

Весна Рашкоска, млада и амбициозна девојка, уште во текот на обуката во Нова консалтинг се вработи во реномирана странска компанија.


Весна, како се одлучи за Нова консалтинг и какво е твоето искуство со нив?
За позитивнииот фидбек од обуките во „Нова Консалтинг“ имав слушано, уште во текот на моите студии. 
Тоа, покрај моето лично искуство, претставува уште еден доказ за квалитетот на предавачите, кои не само што ќе ве советуваат и ќе ви го пренесат нивното искуство, туку и ќе ви помогнат да согледате каде се наоѓате сега, каде сакате да бидете во иднина и како да стигнете таму. 
Нивното менторство ми овозможи да развијам поголема свест за видот и одговорноста на обврските со кои ќе се соочувам, но и да ги усовршам моите практични вештини почнувајќи уште од првиот час. 
Факт е дека знаењето надополнето со пракса, ве прави солиден кандидат, кој може успешно да се вклопи во работниот процес. Ова посебно затоа што знаете дека сте стекнале знаење и пракса од тим, кој несебично ве поддржува.


Весна, што допринесе Нова консалтинг во твојот развој?
Усовршувањето на моето знаење и стекнатите практични вештини, ме направи поатрактивен кандидат за компаниите каде аплицирав. Голем дел од компаниите повеќе внимание обрнуваа на  практичните обуки во моето CV, отколку на моето формално образование. Кога веќе знаете дека го поседувате она што пазарот на труд го бара, вашата сигурност и самодоверба расте.
Во мојот случај ја имав и безрезервната поддршка на тимот на Нова Консалтинг, па горделиво ќе кажам дека сум успешно вработена, благодарение на можноста што тие ми ја укажаа.

 

Се чувствуваш ли доволно сигурна и спремна во новото работно место?
Во текот на обуката во Нова консалтинг стекнав практични вештини, преку работа на реални проекти, пилот фирми за кои практично водевме сметководтво.
Свесна сум дека ова е почеток на мојата кариера и дека треба уште многу учење, но основата која ја добив е солидна, и ми овозможи  да се чуствувам сигурна и спремна на работното место. 
Се радувам на фактот што, соработката со мојот ментор Кристина Тилиќ продолжува, имено нејзиниот ревизорскиот тим е назначен за ревизор на финсиските извештаи на друштвото во кое се вработив. Тоа за мене ќе биде ново искуство и со нетрпение ги очекувам идните предизвици.


Ако си амбициозен, и сакаш да го надополниш своето знаење со практични вештини, кои ќе придонесат за твое професионално усовршување, пријави се и биди дел од сите оние кои го почуствувале бенефитот од нашите обуки!