Едукација

Анализа на финансиски извештаи

ПРОГРАМА НА ОБУКАТА

  • Финансиските извештаи – Цел, Општи карактеристики, Комплетен сет на ФИ
  • Структура и содржина на ФИ
  • Извештај за финансиска состојба
  • Извештај за сеопфатна добивка
  • Извештај за промени во главнината
  • Извештај за парични текови
  • Белешки
  • Цели и правила на анализата на финансиските извештаи
  • Статичка и динамичка анализа
  • Анализа на Билансот на успех (приходи и расходи)
  • Анализа на Билансот на состојба (средства, обврски и капитал)
  • Пресметка на финансиски индикатори (профитабилност и поврат на капитал, долгорочна солвентност и стабилност, краткорочна солвентност и ликвидност, показатели на обрт, показатели на вложувања

ОЧЕКУВАНИ РЕЗУЛТАТИ

По завршување на обуката учесникот треба:
  • Да ја знае основата за презентирање на ФИ за општа намена, со цел да обезбеди споредливост како со ФИ на друштвото од предходните периоди така и со ФИ на други друштва;
  • Да знае да ги применува барањата од МСС1 за презентирање на ФИ, упатствата за нивната структура и минималните барања за нивната содржина;
  •  да ги анализира приходите и расходитр од работењето;
  • да направи хоризонтална и вертикална анализа;
  • да врши пресметка и проценка на показателите на работењето.

ПРОГРАМСКА ПОДРШКА, ОПРЕМА И МАТЕРИЈАЛ ЗА ОБУКАТА

Предавањата се одвиваат во опремена просторија со модерна технологија, практична работа на индивидуален компјутер со користење на софтвер за финансово и материјално сметководство.
Се изработуваат проекти, тестови и задачи за утврдување на стекнатите знаења за секоја целина пооделно.

КРАТКА БИОГРАФИЈА НА ПРЕДАВАЧОТ

Квалификации

  •  Дипломиран економист;
  •  Диплома за стекнато звање Овластен ревизор издадена од Министерство финансии;
  •  Диплома за професионално образование од областа на сметководството издадена од USAID;
  •  Диплома за професионално образование од областа на ревизија издадена од USAID;

Работно искуство

  •  Предавач на курсеви во областа на сметководство и финансии во Работнички Универзитет “Кочо Рацин” – надворешен соработник -15 години;
  •  ЈП за Стопанисување со станбен и деловен простор – финансов директор, директор на компјутерски центар, самостоен проектант на бази на податоци;
  •  Надворешен соработник во областа на информатика, сметководство, финансии, во повеќе реномирани фирми: Вива сокови, Лекарска комора на РМ, Стоматолошка комора на РМ, Работнички Универзитет “Кочо Рацин”, Кејбл Тел, Златен Клас, Студио и академија Леонтич, Фигурела, Делта Брокер, Свем инженеринг, СМС треид, Авторско-правно биро, Основен суд Крива Паланка, Колбико Инженеринг, Зинес, Талија, и др.;
  •  Електроелемент – финансов директор;
  •  Нова консалтинг и едукација – основач и генерален менаџер;

Дополнително искуство

  •  Предавач на семинари, работилници на тема финансиски политики и процедури за општините во РМ (УСАИД), сметководство на Фудбалски Сојузи во согласност со МСФИ;
  •  Повеќе ревизорски ангажмани, активно учество на семинари и симпозиуми во областа на сметководство, финансии и ревизија;
  •  Претседател на Надзорен Одбор на Институтот на овластени ревизори на РМ;
  •  Председател на Извршен одбор на Сојуз на сметководители на РМ;
  •  Председател на Надзорен одбор на Радо-банк и др.;

Кристина Тилиќ

Дипломиран економист, овластен ревизор