Едукација

Благајничко, канцелариско и архивско работење

ПРОГРАМА НА ОБУКАТА

Благајничко работење:

  • Евиденција на уплати и исплати во готови пари
  • Благајничко работење со девизи за службени патувања во странство
  • Благајничко работење во трговија на мало
  • Благајничко работење со кредитни картички
  • Интерни акти
  • Правилник за благајничко работење
  • Одлука за благајнички максимум
  • Одлука за службено патување во странство

Канцалариско работење:

  • Прием, прегледување и распоредување на актите
  • Заведување на актите
  • Доставување на актите во работа
  • Административно-техничко обработување на актите
  • Испраќање на актите
  • Разведување и класифицирање на актите
  • Одлагање на завршните акти во писарница и чување на актите

Архивско работење:

  • Одбирање на архивска граѓа од документарен материјал
  • Средување на архивска граѓа и документарен материјал
  • Евидентитрање на архивска граѓа
  • Категоризација на архивска граѓа
  • Потпишување на документарен материјал на кој му изминал рок за чување,
  • Уништување на предложениот документарен материјал,
  • Чување, заштита и обезбедување на документарен материјал и архивска граѓа во соодветен простор

Обработени теми поврзани со позитивните прописи:

  • Основање на друштво
  • Водење на сметководство
  • Оформување на документација согласно законските прописи
  • Пресметка на персонален данок на доход и препознавање на трошоци кои се непризнаени согласно законот на данок од добивка, и тоа по следните основи:
  • договори за дело, стипендии, донации, лекување;
  • хотелски сметки и патни трошоци (авионски карти и сл.) за деловни гости;
  • надомест за месечен паушал, патни и дневни трошоси на членови на органи на управување;
  • издавање под закуп на движен и недвижен имот
  • Користење на сопствено возило за службени цели;
  • Репрезентација

ОЧЕКУВАНИ РЕЗУЛТАТИ

  • да ги познава основните акти и поими во канцелариското работење;
  • да ги извршува дејствијата кои ги опфаќа канцелариското работење и истите да ги извршува;
  • да евидентира во канцелариски книги и да врши архивирање на документацијата;
  • да го познава архивското работење;
  • да прима, отвара, прегледува и распоредува пошта;
  • да оформува предмет;
  • да ги заведува и разведува актите во деловодникот;
  • да врши упис во регистарот; да врши пренос и поврзување на основните броеви;
  • да архивира, средува и чува акти, предмети и документи;
  • да води картотека на предмети;
  • да составува и обликува деловни писма и друга документација
  • да користи и пополнува обрасци ( документација) во врска со извршувањето на внатрешното и надворешното трговско работење на деловните субјекти;
  • да се запознае со начинот на изготвување на попис на средства на друштвото;
  • да изготвува фактури, пополнува испратница и приемница;
  • да стекнува навики за уредно, брзо и точно извршување на работата;
  • да развива професионален однос кон клиентите.

ПРОГРАМСКА ПОДРШКА, ОПРЕМА И МАТЕРИЈАЛ ЗА ОБУКАТА

Предавањата се одвиваат во опремена просторија со модерна технологија, практична работа на индивидуален компјутер со користење на софтвер за финансово и материјално сметководство.
Се изработуваат проекти, тестови и задачи за утврдување на стекнатите знаења за секоја целина пооделно.

КРАТКА БИОГРАФИЈА НА ПРЕДАВАЧОТ

Квалификации

  •  Дипломиран економист;
  •  Диплома за стекнато звање Овластен ревизор издадена од Министерство финансии;
  •  Диплома за професионално образование од областа на сметководството издадена од USAID;
  •  Диплома за професионално образование од областа на ревизија издадена од USAID;

Работно искуство

  •  Предавач на курсеви во областа на сметководство и финансии во Работнички Универзитет “Кочо Рацин” – надворешен соработник -15 години;
  •  ЈП за Стопанисување со станбен и деловен простор – финансов директор, директор на компјутерски центар, самостоен проектант на бази на податоци;
  •  Надворешен соработник во областа на информатика, сметководство, финансии, во повеќе реномирани фирми: Вива сокови, Лекарска комора на РМ, Стоматолошка комора на РМ, Работнички Универзитет “Кочо Рацин”, Кејбл Тел, Златен Клас, Студио и академија Леонтич, Фигурела, Делта Брокер, Свем инженеринг, СМС треид, Авторско-правно биро, Основен суд Крива Паланка, Колбико Инженеринг, Зинес, Талија, и др.;
  •  Електроелемент – финансов директор;
  •  Нова консалтинг и едукација – основач и генерален менаџер;

Дополнително искуство

  •  Предавач на семинари, работилници на тема финансиски политики и процедури за општините во РМ (УСАИД), сметководство на Фудбалски Сојузи во согласност со МСФИ;
  •  Повеќе ревизорски ангажмани, активно учество на семинари и симпозиуми во областа на сметководство, финансии и ревизија;
  •  Претседател на Надзорен Одбор на Институтот на овластени ревизори на РМ;
  •  Председател на Извршен одбор на Сојуз на сметководители на РМ;
  •  Председател на Надзорен одбор на Радо-банк и др.;

Кристина Тилиќ

Дипломиран економист, овластен ревизор