Едукација

Обука Сметководство 2

ПРОГРАМА НА ОБУКАТА

Евидентирање настани по основ на средства, обврски, приходи, расходи, и капитал, изготвување на завршна пресметка за две пилот фирми.
Врз основа на документи за друштвата со претежна дејност: градежништво и производство: изводи, влезни и излезни фактури, договори, ситуации, сметкопотврди, патни налози, фискални извештаи, патни налози, одлуки од управителот, извештај за попис, и други учесникот изготвува:
  • налози за книжење, согласно критериумите за презентирање и мерење на средства, обврски, приходи и расходи по МСС и МСФИ;
  • пресметка на ДДВ;
  • пресметување и евидентирање на задржан данок на приход платен на странски правни лица;
  • пресметка на персонален данок по разни основи;
  • усогласување на фактичката состојба по попис со сметководствената евиденција;
  • пресметка на курсни разлики;
  • пресметка на амортизација;
  • временски разграничувања и долгорочни резервирања;
  • усогласување на аналитичката евиденција со главна книга;
  • контрола на салдата на средства, обврски, приходи, расходи и капитал;
  • затварање на класа 4 и 7, утврдување и распоредување на резултатот од работењето – добивка пред оданочување;
  • утврдување основа за пресметување на непризнаените расходи и помалку искажаните приходи;
  • утврдување добивка за тековната година;
  • изготвување Извештај за финансиска состојба (Биланс на состоба), Извештај за добивка или загуба (Биланс на успех), Извештај за останата сеопфатна добивка;
  • Изготвување обрасци до надлежни институции (ДБ, ДБ-ВП, ПДД-ГИ, ДД-ИД).

Обработени теми поврзани со законот за данок на додадена вредност:

  • Даночен третман на репрезентативни давања;
  • Даночен третман на попусти и продажба по пониски цени;
  • Даночен аспект на резултатите по пописот;
  • Правилна примена на член 32 (reverse charge);
  • Пополнување на поле 27 од ДДВ пријавата;
  • Специфичност на оданоченување на услугите од странски правни лица;
  • Кусок/вишок при влез на стоки во магацин, други теми поврзани со ДДВ;
  • Даночни износи кои се должат според челн 32 точка 4 од Законот;
  • Неовластено истакнат ДДВ;
  • Одделно истакнат поголем данок од долгуваниот данок;
  • Примени и дадени аванси;
  • Исправка на одбивката од предходните даноци;
  • Право на одбивка на претходниот данок содржан во залихата на добрата наменети за натамошна продажба кај даночните обврзници кои прв пат се регистрирани за ДДВ, а кои биле набавени пред нивната регистрација за ДДВ;

Обработени теми поврзани со законот за данок на добивка:

  • Евидентирање на трошоци (признаени/непризнаени) по основ на: надоместоци на трошоци и други лични примања од работен однос (дневници, теренски додаток, одвоен живот, надоместоци во случај на смрт, штети, отпремнина, испратнина, регрес, јубилејни награди, боледување, селидби, користење возило), организирана исхрана и превоз, надоместоци на членови на управен и надзорен одбор, репрезентација, донации и спонзорства, камати по кредити, осигурителни премии, казни, пенали, стипендии, отпис и исправка на вредноста и др.,
  • Задржувањето на данок по основ на приходи од: дивидени, камати, авторски права, забавни и спортски активности, од вршењето на менаџмент, консалтинг, финансиски услуги, услуги на истражување, телекомуникациски услуги, осигурителни премии за осигурување или реосигурување, закуп на недвижности,
  • Пресметување на данок од добивка на исплатена дивиденда,
  • Годишен данок на вкупен приход.

Обработени теми поврзани со законот за персонален данок на доход:

  • договори за дело, стипендии, донации, лекување;
  • хотелски сметки;
  • членство во органи на управување;
  • издавање под закуп на движен и недвижен имот и др.

ОЧЕКУВАНИ РЕЗУЛТАТИ

  • да ги применува законски прописи и професионална регулатива (ЗДДВ, ЗДД, ЗПД, МСС, МСФИ, МСФИ за МСЕ);
  • да дефинира и објаснува поими од областа на сметководството;
  • да ги разбира сметководствените настани;
  • да разликува видови трошоци, приходи и расходи;
  • да поврзува конкретен проблем;
  • да ги применува сметките од аналитички сметковен план;
  • да го дефинира поимот приходи/расходи според МСС;
  • да ги идентификува, поврзува и групира дадените приходни и расходни сметки;
  • да го утврдува резултатот од работењето (искажува добивка или загуба);
  • да ги утврди непризнаени расходи (оданочиви расходи и помалку искажани приходи, расходи и помалку искажани приходи од поврзани лица)
  • да составува Биланс на успех;
  • да ги примени знаењата за изработка на биланс на состојба;
  • да ги подредува билансните позиции според законска регулатива;
  • да го прикаже капиталот;
  • да има стекнато способности за логично размислување, решавање на проблеми, анализирање финансиски извештаи и донесување на заклучоци;
  • практично да ги применува стекнатите знаења и способности;
  • самостојно да изготвува финансиски извештаи.

ПРОГРАМСКА ПОДРШКА, ОПРЕМА И МАТЕРИЈАЛ ЗА ОБУКАТА

Предавањата се одвиваат во опремена просторија со модерна технологија, практична работа на индивидуален компјутер со користење на софтвер за финансово и материјално сметководство.
Се изработуваат тестови, задачи и проекти за утврдување на стекнатите знаења. Наставен материјал во вид на Прирачник за ДД.