Новости

Датуми за обуки

ОБУКА

Практично водење на сметководство, примена на даночно законодавство и контрола на финансиски извештаи

Сметководство 1


18.04.2017

ВТОРНИК / ЧЕТВРТОК

од 17:00 до 19:45 часот

68 Часа – 18 Денa


ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ

ОБУКА

Практична примена на законите за: ДДВ, ДД и ПДД, изготвување завршна пресметка

Сметководство 2


22.04.2017

САБОТА

од 10:00 до 15:30 часот

50+20 Часа – 8 Денa


ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ

ОБУКА

Практично водење на сметководство, примена на даночно законодавство и контрола на финансиски извештаи

Сметководство 1


11.05.2017

ПОНЕДЕЛНИК / СРЕДА

од 17:00 до 19:45 часот

68 Часа – 18 Денa


ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ

Изјави на УЧЕНИЦИ

Условите во кои се работи секако ги надминаа моите очекувања, одлични се!
 
Начинот и темпото на  презентирање на материјата се исто така компелтно избалансирани.
 
Можеби фали уште некој час или пак мене така ми се чини заради убавите навики и прекрасното дружењето за време на часови.
 
Со завршување на обуката се стекнавме со познавања од сметководството и финансиите кои се неопходни без разлика на секторот во кој работиме. Секако, покрај наученото, ќе ги паметам и колегите и нашата најдобра teacher Кристина!
 
За во иднина, завршниот тест може да биде и потежок J
Верица ТодороваFinance & Commercial Coordinator, Facility Management Services dooel
Оваа обука ги надмина сите мои очекувања во поглед на знаењето што го добив како и за пријатната атмосфера во текот на предавањата. Истотака ми остави впечаток како Вие толку умешно  и со едноставни примери ни ги доловувате настаните.
Секако овие месеци ќе ги паметам и по дружења со останатите колеги.
За крај, со големо задоволство ја завршувам оваа обука, но и сомалку тага заради разделбата!
Иван Ристов
Во текот на обуката јас го научив она што на некој начин ми беша во „во сенка „.  По завршувањто на овој курс јас се чувствувам потполно спремен да ја работам работата којашто е во рамките на мојот делокруг на работа. И покрај мојата струка којашто е далеку поразлична од оваа проблематика јас сум премногу задоволен со одлуката: да го посетувам курсот!
 
Згора на се јас запознав нови амбициозни пријатели кои ќе ми останат засекогаш.
 
За крај ОГРОМНА благодарност до професорката!
Димитар ЈоновскиДипл. Електро инж.
Како студент на магистерските студии по финансии и финасово право, обуката на Нова Консалтинг придонесе моите теоретски познавања во врска со даноците, да ги применам практично.
 
Сметам дека е пожелно за секој дипломиран студент од ова поле на наука да ја посети оваа обука – задолжително!
Ленче ЗдравевскаДипл. Економист
Предавањата беа професионални и одлично пренесени на ученикот. Начинот на кој професорката предава е  ефикасен, пристапот непосреден, и што е најважно, ученикот неприметно станува мотивиран се повеќе да учи и да го збогатува стоето знаење.
 
Доколку во иднина би требало да соработувам или да користам услуги и знаења од професионален и принципиелен ревизор/консултант, тоа ќе биде Кристина.
 
Благодарам за едукацијата, подршката и поттикот да учиме до крај!
Нина ЛутвиоскаДипл. Економист
Како прво, би сакал да го нагласам самиот концепт на работа: преку чести вежби (што за дома, што за на час) едноставно нема изговор за мрзливци.
Начинот на предавање: стручен во секој поглед, дисциплина, ред и одлична организиција.
Предавањето секогаш поткрепено со примери од пракса, но и секогаш оставјќи простор за размислување.
Од аспект на дружење, добивме нешто што не очекувавме: нови пријатели, за кое што веројатно и сами како група придонесовме. J
За крај, доколку треба да дадам оценка 1-10, повеќе од заслужена 10-ка.
На македонски би значело „алал нека Ви се парите J „ !
Милан Пеловски
По завршувањето на обуката задоволство ми е да кажам дека моите очекувања беа надминати. Сега сум сигурна во сопствените знаења од основите по сметководство кои ги стекнав од искусна професорка со реноме и вештини за успешно пренесување на знаењето. Оваа обука ми помогна да си обезбедам подобро работно место како сметководител, а ме мотивираше и да продолжам да трагам по нови знаења и успеси. Токму во оваа насока на личен развој напредниот курс по сметководство и даноци е мојот нов предизвик. 
Билјана Доковска Петрушев
Најголема придобивка од обуката се проектите за дома и можноста за практична примена на програмата со што добив целосна слика на сето знаење кое ни беше пренесено во текот на часовите. За мене голема придобивка е и чувството на сигурност што сега го имам, како и зголемена самодоворба во областа на сметководството, бидејќи сум студент на самиот смер Сметководство и ревизија.
Александра Тодорчева
Курсот беше добро осмислен од аспект на тоа дека беше опфатено се’. Предавањата не се досадни, туку се динамични и ефективни така што предавачот навистина знае да ја задржи концентрацијата на слушателите. Кристина е преквалификуван и позитивно настроен предавач кој умее да влијае мотивирачки. Презадоволна сум од курсот.
Христина Дукадиновска
Пред се оваа обука за мене беше убава дружба на која истовремено и многу научив. Знаењето кое го стекнав секако дека допринесе за мој личен развој. Кристина е прекрасна личност со многу знаење и искуство во областа, која со нејзиниот ведар дух успева да ни пренесе дел од своето знаење, и тоа преку примери, тестови, проекти, итн.
Наташа Тошковска
Од самиот почеток на оваа обука увидов дека го најдов перфектното место за да ги хранам моите вештини по сметководство. Сите знаења кои ги стекнав во текот на постдипломски и додипломски студии сега ги усовршив преку практична примена која ми помогна да се соочам со реалните процеси и проблеми во оваа област. Ова ми овозножи да се изградам, а со тоа и да се почувствувам како сметководител.
Особено сум задоволен од практичните методи на учење, односно примената на документите во пракса. Од конвенционалното досегашно образование се стекнав со многу теорија и токму ова ми недостигаше за да умеам да се поистоветам со професијата- сметководител.
Метин Лимани
Јас сум презадоволен од оваа обука од сите аспекти.
Фатмир Идризи
Од обуката сум презадоволна. Се здобив со многу знаење кое се надевам ќе го спроведам во пракса и ќе ми користи во иднина. Методот на учење и пристапот беше многу продуктивен. Ми беше задоволство што бев дел од обуката на Нова консалтинг.
Кристина Савевска
Сметководството е сложена работа која бара знаење, искуство, постојано вложување труд, постојано пратење на законите и посветеност. Имав среќа што ја видов рекламата за курсевите на Нова консалтинг и не погрешив што се запишав. Кристина е одличен предавач, со големо искуство и посветеност кон учениците. Вешто ги објаснува сите постапки кои се потребни да ги познава еден сметководител за успешно да води сметководствена фирма. Ви благодарам за знаењето што ни го дадовте.
Наташа Заринска
Во однос на други обуки на кои сум присуствувала оваа е најсоодветна и се добива многу поголемо знаење, а за тоа заслужна нашата позитивна Кристина. Одличен предавач кој умее да го втемели знаењето кое го пренесува на часовите, како и вештините од сработената практичната работа. Обуката допринесе за мој личен развој кон подобро разбирање на сметководството. Методот на предавање е соодветен во однос на тоа да се здобие секој со големо знаење во сметководството, благодарение на професионалниот предавач Кристина Тилиќ.
Александра Рангелова
Одличен курс, топло го препорачувам, секој кој сака да ги научи основите на сметководството, па и повеќе од тоа, воопшто нема да погреши доколку се запише.
Се надевам на понатамошни контакти и продолжување на заедничките ангажмани од онаму каде што застанавме.
Фросина Колеќевска
Оваа обука придонесе моето знаење во оваа област да стане многу потемелно, појасно и со тоа јас самата да се чувствувам посигурно. Сметководството бара голема концентрација, а Кристина токму тоа успеа да направи. Таа ги прилагоди часовите за постојано да ја има мојата концентрација на ефективно ниво. Исто така и проектните задачи допринесоа за поголема желба и заинтересираност околу оваа обука.
Наталија Илиевска
Во оваа обука јас научив се она што ми беше неопходно да го знам за да можам да ги исполнам своите одговорности во фирмата во која работам. Научив како се книжат влезни, излезни фактури, изводи, плати, амортизација, итн. До сега не бев вклучена во овие задачи, но од сега натака ќе преземам дел од работата, така што оваа обука ми овозможи да напредувам професионално.
Шеќеринка Спасова