Новости

Изјави на ученици

Отсекогаш сакав да учествувам на обуката по сметководство уште кога се вратив од странство. Сметководството е една од најважните области за раководење на една фирма  (сопствена или која припаѓа на друг).
Обуката во Нова консалтинг и едукација допринесе да ги научам сите теоретски и практични методи во финансиското раководење.
Ова искуство овозможува и да се разберат сите правни канали за отварање на една фирма како и нејзиното управување. Со сигурност ја препорачувам оваа обука за сите заинтересирани.
Кристина е одличен предавач со огромно искуство и ми беше привилегија да учам од неа.
Јуни, 2018
Иван ВчковЕкономски аналитичар во Finance Think Скопје
Кога започнав со обуката многу прашања ми одеа низ глава. Дали сум за овде? Дали оваа обука навистина ќе ми помогне?
После вториот час јас веќе бев спокојна бидејќи сфатив дека сум на правото место. А сега, по завршувањето, можам да кажам дека сум многу задоволна од постигнатите резултати. Благодарение на обуката го комплетирав моето досегашно стекнато знаење и го совладав она за кое имав нејаснотии. И тоа сето ова преку практична работа која ми помогна да се стекнам со вештини, што е многу поразлично од учење теорија.
Јуни, 2018
Ардита КапланиМенаџер во Ха Де ДОО Охрид
Условите во кои се работи секако ги надминаа моите очекувања, одлични се!
Начинот и темпото на  презентирање на материјата се компелтно избалансирани.
Можеби фали уште некој час или пак мене така ми се чини заради убавите навики и прекрасното дружењето за време на часови.
Со завршување на обуката се стекнавме со познавања од сметководството и финансиите кои се неопходни без разлика на секторот во кој работиме. Секако, покрај наученото, ќе ги паметам и колегите и нашата најдобра teacher Кристина!
Верица ТодороваFinance & Commercial Coordinator, Facility Management Services dooel
Предавањата беа професионални, а воедно пренесени да се разберат многу едноставно. Концептот преку предавања и вежби, поткрепен со практични примери е одличен начин на учење и стекнување на вештини. Одлично искуство и одично дружење.
Марија АлександроваСтручна во платен промет и девизно работење, Прокредит Банка АД
Задоволство беше да се учи од особа како Кристина, полна со искуство и знаење која за секој ситуација и прашање имаше одговор и решение. Прекрасна атмосфера за надоградување на нашите знаења. Пред се можност преку многу задачи практично да се запознаеме со сите документи со кои може да се сретне еден сметководител.
Секако овие месеци ќе ги паметам и по дружења со останатите колеги.
За крај, со големо задоволство ја завршувам оваа обука, но и сомалку тага заради разделбата!
Јасна КолевскаАдминистратор, Делко ДООЕЛ
Оваа обука ги надмина сите мои очекувања во поглед на знаењето што го добив како и за пријатната атмосфера во текот на предавањата. Истотака ми остави впечаток како Вие толку умешно  и со едноставни примери ни ги доловувате настаните.
Секако овие месеци ќе ги паметам и по дружења со останатите колеги.
За крај, со големо задоволство ја завршувам оваа обука, но и сомалку тага заради разделбата!
Иван Ристов
Задоволство беше да се биде дел од Вашите предавања бидејќи научив многу нешта како што се упорност, самопочит и константна надградба!
Димоска НинаКалатекс ДОО Скопје
Во текот на обуката јас го научив она што на некој начин ми беша „во сенка „.  По завршувањто на овој курс јас се чувствувам потполно спремен да ја работам работата којашто е во рамките на мојот делокруг на работа. И покрај мојата струка којашто е далеку поразлична од оваа проблематика јас сум премногу задоволен со одлуката: да го посетувам курсот!
Згора на се јас запознав нови амбициозни пријатели кои ќе ми останат засекогаш.
За крај ОГРОМНА благодарност до професорката!
Димитар ЈоновскиДипл. Електро инж.
Она што ќе ми остане во сеќавање е големата професионалност и енергија на предавачот. Од часовите можам да кажам дека 90% од концентрацијата ми беше задржана, што значи големата успешност на предавачот повторно доаѓа до израз. За мене како индивидуа часовите ми помогнаа да ја погледнам големата слика на сметководството и да ги повторам и утврдам основите на книжењата.
Почитувана Кристина, сигурна сум дека кај секого во иднина како и до сега ке пробудите иницијатива дека се е возможно да се научи само со труд, желба и упорност.
Јуни, 2018
Бранка ЖивковиќКомерцијалист во НЛБ Банка
Многу сум среќна што го напраив вистинскиот избор на Центар што врши обука за сметководство. Беше вистинско задоволство да се соработува со тимот на Нова консалтинг,  професорката Кристина и асистентката Марија, како и со сите учесници во обуката.
Како особа без основи во областа на сметководтсвото,  на почетокот брзото темпо со кое се одвиваше обуката искрено ме плашеше. Но, набрзо увидов дека не и недостижно и токму тоа прогресивно темпо како и темелните објаснувања на Кристина,  ми беше мотивација за да го совладам материјалот од обуката. И така, книжењето, она што на почетокот ми предизикуваше главоболка, сега ми претставува задоволство.
Патриција ДуковскаДипл. Економист, вработена во Кединг ДООЕЛ
Од досегашната обука можам да заклучам дека е едно прекрасно искуство. Може да помогне премногу во работата, особено за оние кои работат во финансов сектор. Мене лично ми помогна да ги зацрврстам моите знаења во работата. За професорката: НАЈДОБРИ ЗБОРОВИ!
Презадоволна сум од начинот на презентираното. Се гледаме во октомври на напреден!
Тамара ДиноваДипл. Економист, Сметководител
Почитувана Кристина, чуствувам потреба да напишам свој коментар во врска со обуката до Вас лично. Чест ми е што ве запознав и што учев од Вас, и со нетрпение ја очекувам следната соработка.
Конфучие кажал: Во сите нешта успехот зависи од претходната подготовка. Без подготовка, пропаста ни е сигурна.  Јас, како почетник во сметководството, решив подготовката да ја стекнам во Нова Консалтинг односно да учам од Вас. И не погрешив. Часовите беа проследени со практични примери, а  Вие на едноставен начин несебично се трудевте да ни го пренесете своето знаење. Сето тоа многу ми помогна брзо да го совладам наставниот материјал и да почнам самостојно да ги извршувам моите работни задачи.
И сега по завршувањрто на обуката со гордост ќе кажам дека сум една од учениците на Кристина Тилиќ,и со нетрпение ја очекувам следната обука.
Јасмина КитановскаДипл. Економист, Сметководител во Пи Финанс
Отсекогаш сакав да посетувам ваква обука. Од обуката сум презадоволна. Научив многу и среќна сум што имам можност знаењето веднаш да го користам како сметководител во сопствен компанија. Но, нешто уште повредно е самодовербата што ја стекнав во текот на обуката.
Сите пофалби за Вас како предавач кој знае да го пренесе своето знаење- безрезервно.
Благодарам за сето трпение што го имавте со нас.
Маја АндоноваДипл. Економист, Сметководител во сопствена компанија Тим Електро Плус ДОО Скопје
Како студент на магистерските студии по финансии и финасово право, обуката на Нова Консалтинг придонесе моите теоретски познавања во врска со даноците,  да ги применам практично.
Сметам дека е пожелно за секој дипломиран студент од ова поле на наука да ја посети оваа обука – задолжително!
Ленче ЗдравевскаДипл. Економист
Предавањата беа професионални и одлично пренесени на ученикот. Начинот на кој професорката предава е  ефикасен, пристапот непосреден, и што е најважно, ученикот неприметно станува мотивиран се повеќе да учи и да го збогатува стоето знаење.
Доколку во иднина би требало да соработувам или да користам услуги и знаења од професионален и принципиелен ревизор/консултант, тоа ќе биде Кристина.
Благодарам за едукацијата, подршката и поттикот да учиме до крај!
Нина ЛутвиоскаДипл. Економист, Кооперативна банка
Како прво, би сакал да го нагласам самиот концепт на работа: преку чести вежби (што за дома, што за на час) едноставно нема изговор за мрзливци.
Начинот на предавање: стручен во секој поглед, дисциплина, ред и одлична организиција.
Предавањето секогаш поткрепено со примери од пракса, но и секогаш оставјќи простор за размислување.
Од аспект на дружење, добивме нешто што не очекувавме: нови пријатели, за кое што веројатно и сами како група придонесовме. J
За крај, доколку треба да дадам оценка 1-10, повеќе од заслужена 10-ка.
На македонски би значело „алал нека Ви се парите J „ !
Милан Пеловски
По завршувањето на обуката задоволство ми е да кажам дека моите очекувања беа надминати. Сега сум сигурна во сопствените знаења по сметководство кои ги стекнав од искусна професорка со реноме и вештини за успешно пренесување на знаењето. Оваа обука ми помогна да си обезбедам подобро работно место како сметководител, а ме мотивираше и да продолжам да трагам по нови знаења и успеси. Токму во оваа насока на личен развој напредниот курс по сметководство и даноци е мојот нов предизвик.
Билјана Доковска Петрушев
Најголема придобивка од обуката се проектите за дома и можноста за практична примена на програмата со што добив целосна слика на сето знаење кое ни беше пренесено во текот на часовите. За мене голема придобивка е и чувството на сигурност што сега го имам, како и зголемена самодоворба во областа на сметководството, бидејќи сум студент на насока Сметководство и ревизија.
Александра Тодорчева
Курсот беше добро осмислен од аспект на тоа дека беше опфатено се’. Предавањата се динамични и ефективни така што предавачот навистина знае да ја задржи концентрацијата на слушателите. Кристина е преквалификуван и позитивно настроен предавач кој умее да влијае мотивирачки. Презадоволна сум од курсот.
Христина Дукадиновска
Оваа обука за мене беше убава дружба на која многу научив. Знаењето кое го стекнав секако дека допринесе за мој личен развој. Кристина е прекрасна личност со многу знаење и искуство во областа, која со нејзиниот ведар дух успева да ни пренесе дел од своето знаење, и тоа преку примери, тестови, проекти, итн.
Наташа Тошковска
Најмногу од се ме воодушевуваше принципиелноста на нашиот предавач. Начинот на предавање во секој случај одличен, стручен во секој поглед, со ред и дисциплина. Во текот на целото предавање секогаш доста практични примери кои секако ќе ни послужат понатаму.
На крај ви благодарам Кристина за сето тоа што несебично ни го пренесеовте на нас. Задоволството да ве запознаам лично и да учам од Вас е големо.
Даниела ЗимбаковаВиртус Елиас Скопје
Голема благодарност до Нова консалтинг и едукација посебно до предавачот Кристина Тилиќ, ведра и насмеана, која несебично го пренесува своето знаење на учениците.
Обуката допринесе за мојот личен развој. Методот на учење ги надмина моите очекувања. Од срце благодарам за несебичното споделување на вашето знаење. Прекрасни сте!.
Фросина КитановскаПретседател на МБП Куманово
Од самиот почеток на оваа обука увидов дека го најдов перфектното место за да ги хранам моите вештини по сметководство. Сите знаења кои ги стекнав во текот на постдипломски и додипломски студии сега ги усовршив преку практична примена која ми помогна да се соочам со реалните процеси и проблеми во оваа област. Ова ми овозножи да се изградам, а со тоа и да се почувствувам како сметководител.
Особено сум задоволен од практичните методи на учење, односно примената на документите во пракса. Од конвенционалното досегашно образование се стекнав со многу теорија и токму ова ми недостигаше за да умеам да се поистоветам со професијата- сметководител.
Метин Лимани
Презадоволна сум од обуката која со задоволство ја следев и учев континуирано. Предавачот Кристина Тилиќ ја спроведе по сите современи стандарди со примери, домашна и практична работа во текот на целиот термин.
Методот на учење за мене беше одличен и се надевам и очекувам да придонесе со позитивни резултати во мојата идна кариера за работа и развој.
Наталија Пипонскастудент
Јас сум презадоволен од оваа обука од сите аспекти.
Фатмир Идризиневработен
Од обуката сум презадоволна. Се здобив со многу знаење кое се надевам ќе го спроведам во пракса и ќе ми користи во иднина. Методот на учење и пристапот беше многу продуктивен. Ми беше задоволство што бев дел од обуката на Нова консалтинг.
Кристина Савевска
Сметководството е сложена работа која бара знаење, искуство, постојано вложување труд, постојано пратење на законите и посветеност. Имав среќа што ја видов рекламата за курсевите на Нова консалтинг и не погрешив што се запишав. Кристина е одличен предавач, со големо искуство и посветеност кон учениците. Вешто ги објаснува сите постапки кои се потребни да ги познава еден сметководител за успешно да води сметководствена фирма. Ви благодарам за знаењето што ни го дадовте.
Наташа Заринска
Во однос на други обуки на кои сум присуствувала оваа е најсоодветна и се добива многу поголемо знаење, а за тоа заслужна нашата позитивна Кристина. Одличен предавач кој умее да го втемели знаењето кое го пренесува на часовите, како и вештините од сработената практичната работа. Обуката допринесе за мој личен развој кон подобро разбирање на сметководството. Методот на предавање е соодветен во однос на тоа да се здобие секој со големо знаење во сметководството, благодарение на професионалниот предавач Кристина Тилиќ.
Александра Рангелова
Одличен курс, топло го препорачувам, секој кој сака да ги научи основите на сметководството, па и  многу повеќе од тоа, воопшто нема да погреши доколку се запише.
Се надевам на понатамошни контакти и продолжување на заедничките ангажмани од онаму каде што застанавме.
Фросина Колеќевска
Оваа обука придонесе моето знаење во оваа област да стане многу потемелно, појасно и со тоа јас самата да се чувствувам посигурно. Сметководството бара голема концентрација, а Кристина токму тоа успеа да направи. Таа ги прилагоди часовите за постојано да ја има мојата концентрација на ефективно ниво. Исто така и проектните задачи допринесоа за поголема желба и заинтересираност околу оваа обука.
Наталија Илиевска
Во оваа обука јас научив се она што ми беше неопходно да го знам за да можам да ги исполнам своите одговорности во фирмата во која работам. Научив како се книжат влезни, излезни фактури, изводи, плати, амортизација, итн. До сега не бев вклучена во овие задачи, но од сега натака ќе преземам дел од работата, така што оваа обука ми овозможи да напредувам професионално.
Шеќеринка Спасова