Ревизија

Партнери Нова консалтинг и Ефект плус

Ревизија

Ревизијата е независна услуга која ја утврдува сигурноста, вистинитоста и кредибилитетот на финансиските извештаи преку кои сите засегнати страни на една компанијата се информираат за финансиската состојба.
Нашата задача, како на одговорен ревизорски тим со 12 годишно искуство, е изразување на независно и стручно мислење за тоа дали вашите финансиски извештаи вистинито и реално ги прикажуваат финансиската состојба и резултатот од работењето.

Усвоивме ревизорски пристап базиран на професионален интегритет и докажана методологија, со кој вршиме:

  • Идентификување и процена на ризици од материјално погрешно прикажување во финансиските извештаи
  • Утврдување на степенот на конзистентност на финансиските извештаи од неколку изминати години и нивната усогласеност со Меѓународните сметководствени стандарди и Меѓународните стандарди за финансиско известување
  • Утврдување на соодветноста на користените сметководствени политики
  • Утврдување на степенот на ефикасност на воспоставените интерни контроли
  • Доколку е потребно воспоставување на интерни контроли

Услуги

Извештај за транспарентност

Објавен од Ефект Плус – 30 Март 2017
ИЗВЕШТАЈ

Нашите услуги вклучуваат:

  • Ревизија на усогласеност
  • Совети за корпоративно управување
  • Надворешна ревизија
  • Совети за примената на сметководствените политики и стандарди за ревизија
  • due diligence
  • Финансиски извештаи
  • Истражување на измами
  • Внатрешна ревизија, советодавни и outsourcing извештаи
  • I.T. ревизија и безбедност
Ревизорскиот пристап кој го практикуваме е индивидуален и поаѓа од нашиот интерес за разбирање на релевантната индустрија во која вашиот бизнис дејствува, вклучувајќи стратегии, деловни ризици и процеси за управување со ризиците.
Ние пред се’ ги штитиме интересите на сопствениците на бизниси и тоа преку прикажување на точна и јасна слика за финансиската состојба на претпријатието. Стручното мислење кое го изразуваме во ревизорскиот извештај е јасно, концизно и релевантно.
Нашето мото е: да обезбедиме доверба на која вие можете да сметате во секое време!

Зошто да не изберете нас?

Подготвени сме да го анализираме вашето финансиско работење со цел да најдеме одговор на прашањата:
  • Дали Вашиот бизнис е заштитен од грешки или измама?
  • Дали ги имате спроведено соодветните контроли?
  • Дали управувањето на менаџментот е адекватно?
  • Дали менаџментот располага со веродостојни информации за донесување на одлуки?
  • Дали вашето работење е усогласено со МСС и МСФИ?
  • Дали располагате со ефективен компјутерски систем?
  • Дали базите на податоци се точни?