Сметководство и Консалтинг

Консалтинг и контрола

Советодавни услуги

Со максимално ангажирање на нашите ресурси одговараме на Вашите потреби уште пред да го започнете Вашиот бизнис, а потоа ви пружаме тековна поддршка низ сите фази на стратешки развој преку кои Вашиот бизнис ја надминува конкуренцијата.
 
Во секое време Ви обезбедуваме јасен приказ на резултатите кои Вие ги остварувате, а преку кои ние го детектираме секој потенцијален проблем пред истиот да има влијание врз можноста за профит.
  • Административна поддршка и консултации во процесот на отварање на Вашата фирма (совети за најпогодната форма за регистрирање на фирма за нов бизнис)
  • Подготовка на инвестициони и бизнис планови
  • Финансиски анализи кои вклучуваат пресметки на показатели според меѓународните сметководствени стандарди. Ги толкуваме финансиските податоци преку финансиски анализи и показатели за ликвидност, солвентност, профитабилност.
  • Подготвуваме професионална и стручна анализа на Вашите финансиски активности со што овозможуваме развој на Вашиот бизнис.
  • Воспоставување на процедури во работењето
  • Воспоставување и организација на финансиско-сметководствениот сектор
  • Посредување во избор на човечки ресурси во финансиската област
  • Изработка на интерни акти: сметководствени политики, правилник за работа, правилник за попис.

Услуги на контрола

Контрола на процесите за управување со ризици, со цел да се добие уверување дека значајните финансиски, менаџерски и оперативни информации се точни, проверени и навремени, усогласени со даночното законодавство; ресурсите се користат економично и активностите на организацијата се во согласност со: сметководствените политики и процедури, склучените договори и законите и интерните акти.
  • Финансиска контрола
  • Контрола на усогласеност со регулативата
  • Контрола и усогласеност со даночна регулатива
  • Контрола на успешноста во работењето
  • ИТ контрола

Зошто да не изберете нас?

Подготвени сме да го анализираме вашето финансиско работење со цел да најдеме одговор на прашањата:
  • Дали Вашиот бизнис е заштитен од грешки или измама?
  • Дали ги имате спроведено соодветните контроли?
  • Дали управувањето на менаџментот е адекватно?
  • Дали менаџментот располага со веродостојни информации за донесување на одлуки?
  • Дали вашето работење е усогласено со МСС и МСФИ?
  • Дали располагате со ефективен компјутерски систем?
  • Дали базите на податоци се точни?