Сметководство и Консалтинг

Сметководство и даноци

Сметководство и финансиско известување

Ако сте сопственик на бизнис, ќе се согласите дека силната конкуренција ни носи време во кое Вие, постојано изнаоѓате начини за намалување на трошоците, оптимализација на даноците, а едновремено и подобрување на квалитетот на услугите.
Ние сме подготвени да Ви ја понудиме нашата стручност и долгогодишно искуство во полето на управување со даноци и сметководство, со цел да ги исполните сите законски обврски и одговорности.
 
Дозволете ни да бидеме дел од јадрото на вашиот бизнис и станеме вашиот сметководствен и финансиски сектор.
Нашите сметководствени услуги вклучуваат:
  • Книговодство
  • Управувачко сметководство
  • Советодавно сметководство
  • Финансиско известување
  • Плати

Даноци

Нашите даночни советноци ќе ви помогнат да го идентификувате и правилно менаџирате даночниот ризик пред тој да стане проблем, да ја минимизирате вашата даночна изложеност, заедно да ги пресметаме реалните даночни позиции во согласност со сите законски барања и прописи.

 

Нашите експерти се подготвени да ги извршуваат следните услуги за Вас.
  • Сметководство на даноци
  • Даночно планирање
  • Даночна усогласеност со законски прописи и ревизија
  • Проценка на даночниот ризик и корпоративното управување
  • Трансакции за спојувања и превземања
  • Меѓународни даноци
  • Надомест за вработување и услуги за доселеници
  • Директни и индиректни даноци
 

Зошто да не изберете нас?

Подготвени сме да го анализираме вашето финансиско работење со цел да најдеме одговор на прашањата:
  • Дали Вашиот бизнис е заштитен од грешки или измама?
  • Дали ги имате спроведено соодветните контроли?
  • Дали управувањето на менаџментот е адекватно?
  • Дали менаџментот располага со веродостојни информации за донесување на одлуки?
  • Дали вашето работење е усогласено со МСС и МСФИ?
  • Дали располагате со ефективен компјутерски систем?
  • Дали базите на податоци се точни?