За ПКФ Интернационал

За ПКФ Интернационал

PKG GLOBAL

PKF International, глобално семејство на правно независни фирми поврзани со заедничката заложба за квалитет, интегритет и создавање на јасност во сложеното регулаторно опкружување.
Нашето семејство се состои од преку 400 канцеларии, кои работат во 150 земји низ пет региони.
  • Африка
  • Азија Пацифик
  • Европа, Средниот Исток и Индискиот под-континент
  • Латинска Америка
  • Северна Америка и Карибите
Ние сме специјализирани во обезбедување високо квалитетни ревизорски, сметководствени, даночни и деловни советодавни решенија за меѓународни и домашни организации на сите наши пазари.
 
Компаниите членки на PKF International имаат вкупен приход од над 1 милијарда долари, а мрежата е член на Forum of Firms  – организација посветена на конзистентни и високи стандарди за квалитет на практиките за финансиско известување и ревизија низ целиот свет. (worldwide)
 
Ние тесно соработуваме со нашите клиенти со прушање советодавни услуги за корпоративното финансирање и реструктуирање, се со цел да обезбедиме силна поддршка за развојот и да ги водиме преку потенцијални пречки како што се даноците и регулативата. Услугите на ПКФ се од самиот почеток, од основањето и формирањето на компанијата, до нејзината мала бизнис-фаза, па сè до нејзините потреби како голема корпорација која работи со големи финансиски договори и спојувања.

Нашите вредности

Вашиот успех е наш прв приоритет. Преку ефикасно дејствување ви ги ставаме на располагање нашите вештини, стручност и знаење, во секое време. Детално го разгледуваме секој ваш настан и не допуштаме ништо да остане незабележано.
Дозволете нашите професионални услуги да допринесат во креирање на вашиот успех!