За ПКФ Македонија

За ПКФ Македонија

Кои сме ние?

ПКФ Македонија е основана како “Ефект плус” ДОО Скопје во 2002 година, како прво ревизорско друштво во регистарот на ревизорски друштва во Министерството за финансии.
 
ПКФ Нова консалтинг е основана како “Нова консалтинг и едукација” ДОО Скопје во 2008 година.
 
Од Јули 2017 година, партнерите се членки на глобална мрежа PKF International. Ние поседуваме:
  • лиценца за вршење ревизија, и
  • лиценца за вршење сметководствени услуги.
 
Ние сме посветени да обезбедиме високо квалитетни услуги на компаниите, засновани на познавање на проблематиката. Нишиот тим од професионалци со долгогодишно искуство во полето на управување со даноци и сметководство обезбедуваат ревизорски, сметководствени и консултантски услуги за друштва од различни индустрии. Нашиот тим е квалификуван за извршување на ревизии на проекти финансирани од ЕУ, УСАИД и Светска банка.
 
Од самиот почеток вршиме едукативни обуки, тренинг и усовршување на оние кои се дел од сметководствените и финансиски тимови во компаниите. Ние, како лидер во делот на едукација на финансиските работници во земјата, успеавме да докажеме како практичната едукација може да биде почеток на професионална кариера!
 
Нашата способност да ги задржиме најдобрите луѓе и да се обезбеди стабилност на тимот доаѓа со фокус на нашиот персонал – на лицата кои ги прават нашите услуги она што се денес и нивното унапредување во иднина.
Високото ниво на професионалност го докажуваме преку нашите услуги: ревизија, сметководство, даночен консалтинг, советодавни услуги и едукативни тренинг програми за оние кои сакаат заедно со нас да се изградат во експерти.

Нашите вредности

Вашиот успех е наш прв приоритет. Преку ефикасно дејствување ви ги ставаме на располагање нашите вештини, стручност и знаење, во секое време. Детално го разгледуваме секој ваш настан и не допуштаме ништо да остане незабележано.
Дозволете нашите професионални услуги да допринесат во креирање на вашиот успех!