СМЕТКОВОДСТВО И КОНСАЛТИНГ

Подготвени сме да ви ја понудиме нашата стручност и долгогодишно искуство во полето на управување со даноци и сметководство, со цел да ги исполните сите ваши законски обврски и одговорности. Ви нудиме пристап до евиденцијата на вашите сметководствени настани во секое време, како и нејзина систематизација во вид на финансиски извештаи.

РЕВИЗИЈА

Нашата задача, како одговорен ревизорски тим со 12 годишно искуство е изразување на независно и стручно мислење за тоа дали вашите финансиски извештаи вистинито и реално ја прикажуваат финансиската состојба и резултатот од работењето. Ги штитиме интересите на сопствениците на бизниси преку обезбедување на загарантирана доверба!

Едукација

Повеќе од 18 години вршиме едукативни обуки, тренинг и усовршување на оние кои се дел од сметководствените и финансиски тимови во компаниите. Со над 1800 успешно обучени индивидуалци, денес сме водечка компанија, лидер во делот на едукација на финансиските работници во земјата. Успеавме да докажеме како практичната едукација може да биде почеток на професионална кариера!

ЗОШТО ДА НЕ ИЗБЕРЕТЕ НАС?

Развојот на Вашиот бизнис е наш прв приоритет

Се фокусираме на индивидуалните потреби на Вашиот бизнис

Обезбедуваме точни, транспарентни и издржани менаџмент извештаи

Го детектираме секој потенцијален проблем со кој би се соочил Вашиот бизнис

Го елиминираме ризикот од неусогласеност со законските прописи

Ја минимизираме Вашата даночна изложеност

КЛИЕНТИ