Услуги на контрола и усогласеност


Контрола на процеси за управување со ризици

Целта која сакаме да ја постигнеме е: Вие, како наш клиент да се стекнете со уверување дека значајните финансиски, менаџерски и оперативни информации се точни, проверени и навремени, усогласени со даночното законодавство; ресурсите се користат економично и активностите на организацијата се во согласност со: сметководствените политики и процедури, склучените договори и законите и интерните акти.

Што вклучуваат нашите услуги?

  • Контрола на сметководствена евиденција и правилна примена на МСС, МСФИ и МСФИ за МСЕ
  • Финансиска контрола
  • Контрола на усогласеност со општа регулативата
  • Контрола на успешноста во работењето
  • ИТ контрола

Контрола и усогласеност со даночна регулатива

Спремни сме да ја понудиме сета стручност, професионалност и нашето 20 годишно искуство во:

толкување и практична примена на законите за Данок на додадена вредност, Данок на добивка и Персонален данок на доход, контрола и усогласеност на целокупната Ваша сметководствена документација со даночната регулатива! - Кристина Тилиќ.
  • Усогласеност на Вашиот даночен долг со даночните прописи
  • Минимизирање на Вашиот даночен долг
  • Помош при толкување на записници од контрола од страна на даночните власти (УЈП) и застапување на Вашите интереси на завршен разговор
  • Составување на проценки, приговори и жалби поврзани со даночна регулатива
  • Контрола на усогласеност на договорните обврски со даночна регулатива
  • Совети за изготвување на даночни пријави, поднесување во соодветни рокови, рокови за плаќање даноци и други важни датуми

Усвоени принципи од страна на нашите тимови:

  • Обезбедување на совети подржани на законска основа и користење на насоки дадени од страна на професионални тела а особено даночната администрација на Р.Македонија,
  • Обезбедуваме сигурност дека повратот на данокот е секогаш поткрепен со соодветна документација, обелоденувања и законски исправни толкувања.