Сметководство, примена на даночно законодавство и контрола на ФИ

Која е нашата специјалност?

Тренинг центарот Нова консалтинг повеќе од 20 години е лидер во делокругот на (не)формалното образование специјализиран за обуки во областа на сметководство и финансии. Досега оджани 350 обуки за практично водење на сметководство, даноци и финансии  и обучени преку 4.000 учесници. Го развиваме концептот на доживотно учење, создавање на професионални, едуцирани и мотивирани финансови работници во Македонија.

За кого е наменета обуката за сметководство?

  • Компании и институции кои сакаат да ги обучат своите вработени во делокругот на сметководственото работење и даноци, 
  • Вработени кои сакаат да стекнат дополнително знаење и да напредуваат во кариерата, и 
  • Невработени кои сакаат да се стекнат со практични вештини со цел да конкурираат на пазарот на труд.

Временска рамка

Вкупно траење на обуката: 72 часа, плус 20 часа менторство на проекти, вкупно 92 часа (18 дена)

Понеделник/Среда од 17:00 до 20:00, или

Вторник / Четврток од 17:00 до 20:00

Учи сметководство од најдобрите предавачи!

Програма на обуката

  • Применлива законска регулатива од областа на сметководство и даноци;
  • Применлива рамка на финансиско известување;
  • Сметководствени концепти;
  • Контен план како организационо средство за сметководствена евиденција;
  • Поим, правила за книжење на сметките и  сметководствените настани;
  • Елементи на финансиски извештаи;
  • Корисници на финансиски извештаи;
  • Анализирање на трансакцијата врз основа на изворни документи, (изводи:денарски и девизни, касови извештаи, фактури: влезни и излезни, пресметки на: придонеси и данок на личен доход, амортизација, ДДВ, Данок на добивка и други,  за да се утврди ефектот врз: средствата, обврските и капиталот;   
  • Примена на правилата на двојно книговодство;
  • Евидентирања на книжењата, пренесување на книжењето во главната книга;
  • Подготвување на бруто биланс (почетен) и корегиран бруто биланс;
  • Евидентирање на набавка на нетековни-постојани средства (материјални и нематеријални);
  • Оформување на аналитичка евиденција постојани средства;
  • Методи на пресметка на амортизација;
  • Усогласеност помеѓу постојаните средства и аналитичката евиденција на постојани средства;
  • Евиденција на набавка ситен инвентар ;
  • Книжење на настани и трансакции поврзани со постојани (материјални и нематеријални) средства, пресметка на амортизација и отпис на ситен инвентар;
  • Евидентирање на тековни средства (парични, побарувања и финансиски вложувања);
  • Книжење на банкови изводи;
  • Евидентирање на обврски спрема добавувачи, вработени, кредитори и други;
  • Анализа на обврските со утврдување на потреба од корекција;
  • Изработка на касов извештај;
  • Пресметка на дневници за службени патувања;
  • Книжење на касови извештаи;
  • Евиденција на набавка на суровини, материјали и резервните делови;
  • Евиденција на набавка на стоки за склад;
  • Изработка на калкулација за пресметка на набавна цена;
  • Методи на вреднување на залихи;
  • Евиденција на набавка на стоки од увоз;
  • Евиденција на набавна на стоки во продавница;
  • Магацинско работење – магацински картици согласно  Законот за евиденција во трговијата;
  • Трошоци – поим, видови и книжење;
  • Услуги со карактер на материјални трошоци;
  • Нематеријални трошоци;
  • Плата и надоместоци од плата (пресметка и кннижење);
  • Надоместоци согласно законот за Работни одноци;
  • Книжење на настани поврзани со трошоци ;
  • Приходи;
  • Евиденција на продажба на стоки на големо на домашен и странски пазар (извоз);
  • Евиденција на продажба на стоки на мало;
  • Реализација на стоки на мало;
  • Расход по основ на набавна вредност на продадени стоки, или сопствени производи;
  • Книжење на настани (излезни фактури) поврзани со приходи и расходи;
  • Анализа на аналитички ставки на купувачи;
  • Евиденција на капитал и резерви;
  • Евиденција на почетен капитал;
  • Евиденција на добивка или загуба;
  • Практична примена на законот за Данок на додадена вредност;
  • Фактури – согласно законот за ДДВ;
  • Пресметка на данок на додадена вредност;
  • Изготвување на ДДВ пријава;
  • Книжење на ДДВ пријава;
  • Пресметка на данок на добивка;
  • Изготвување на даночен биланс за оданочување на добивката;
  • Правила за контрола на салда од средстава, обврски, приходи, расходи и капитал;
  • Затварање на сметките на приходи и расходи;
  • Финансиски извештаи;
  • Биланс на состојба (извештај на финансиска состојба);
  • Биланс на успех (извештај за добивка или загуба);
  • Отварање почетен биланс – почетен налог за наредна година;

Програмска подршка, опрема и материјал за обуката

Предавањата се одвиваат во опремена просторија со модерна технологија, практична работа на индивидуален компјутер со користење на сметководствен софтвер. Се изработуваат проекти, тестови и задачи за утврдување на стекнатите знаења за секоја целина пооделно, а со вкупен обем од 20 тестирања, како и наставен материјал во вид на прирачник. 

ONLINE наставата се одвива на истиот начин, имено ученикот работи и решава тестови на компјутерите поставени во просториите на Нова консалтинг.  

Придобивки од обуката за сметководство

  • Индивидуален пристап
  • Софтвер со лиценца од една година
  • Даночен консалтинг
  • Стручна литература
  • Сертифицирана обука од Министерство за образование

Цена

21.000 денари 

Плаќање на 3 месечни рати

Цената вклучува:

  • Софтвер за сметководство со лиценца од една година,
  • Контен план;
  • Прирачник за финансиско известување,
  • Наставен материјал.

КОНТАКТ ТЕЛЕФОН ЗА ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ: 078 383 053 / 02 3 22 00 54

Податоци за плаќање:

Примач: Нова Консалтинг.
Сметка: 3 0000000 2463254 Комерцијална банка.
Цел на дознака: ПО ФАКТУРА

Очекувани резултати

  • да ги познава основните законски прописи и дел од професионална регулатива (МСС, МСФИ, МСФИ за МСЕ);
  • да ги препознава и применува документите, да ја контролира нивната оформеност од аспект на законските прописи;
  • да ја разбере суштината на евидентирањето;
  • да ги разбира сметководствените настани;
  • да ги применува сметките од аналитички сметковен план и да изготвува налози за книжење;
  • да ја искаже билансната рамнотежа;
  • да отвори Т-е сметки со нивно точно салдо: дебитно или кредитно;
  • да ја разбира аналитичката евидеција за побарувања и обврски;
  • да ги дефинира и групира средствата, обврските и капиталот;
  • да го утврди расходот по основ на продадени залихи согласно МСС2;
  • да води евиденција на набавка и продажба врз основа на документи;
  • да пополнува материјална картица;
  • да поврзува конкретен проблем;
  • да ги анализира и утврдува точноста на сметките пред пресметка на данок на додадена вредност (поднесување на ДДВ пријава);
  • да го анализира дебитното, кредитното салдо сметките на средства, обврски, приходи, расходи и капитал;
  • да стекне способности за логично размислување, решавање на проблеми;
  • практично да ги применува стекнатите знаења и способности.

Стекнатото знаење од обуката претставува солидна основа за успешно работење на слушателите во: финансискиот сектор на компаниите од бизнис сферата, од државните органи или работа во банка.

Пријавување

  • Секој учесник треба да достави ПРИЈАВА ЗА ОБУКА и да уплати минимум 3.000 денари со што ќе се стекне со статус за запишан учесник во обуката. 
  • Доколку учесникот се откаже од обуката пред отпочнување на истата,  уплатените средства на учесникот ќе му бидат вратени на негова трансакциска сметка по доставено писмено барање и потпишан документ за враќање, намален за трошоци за организациска поддршка во износ од 3.000 денари, или уплатениот износ, намален за 3000 денари, ќе може да го користи како аванс за обука во нареден термин.
  • Информации на тел: 078 383 053


Нова консалтинг


Термини за обуки

  • 06.05.2024
  • 11.09.2024

Информации за предавачот

  • Дипл.ецц, овластен ревизор
  • Основач & CEO - ПКФ Нова Консалтинг
  • Партнер - Ефект плус, друштво за ревизија
  • Претседател - Надзорен Одбор на ИОРРМ
  • Интерен ревизор - ВФП фонд менаџмент 
  • Даночен консултант - WTS Германија
  • Превач на семинари и работилници
  • Надворешен консултант
  • Финансов директор, Електроелемент 2 год.
  • Финансов директор, АДССДП 4 години
  • Програмер и раководител на IT 10 год.
Прочитајте повеќе
Ние успеавме да докажеме како практичната едукација може да биде почеток на професионална кариера!

Nova Konsalting