Едукација

Нашиот пристап кој ни носи конкуретска предност е теоретскиот приод кон професијата, односно работата во делот на едукација на млади и доедукација на веќе оформени кадри во делот на сметководството и даночното работење. Еден од најголемите предизвици на сите компании во денешницата е наоѓање на персонал, едуцирање, мотивирање и задржување на истиот. Со доаѓањето на феноменот наречен millennials на работните позиции, кои се социјална генерација која од работата бара пред се да носи предизвици и кариерен напредок, финансиите и сметководството некако доаѓаат во заден план, пецепирани како досадна, статична и репетитивна задача а не како кариера. Ние можеме да Ви помогнеме да се справите со овој проблем. 

3.000 обучени индивидуалци

Со повеќе од 3.000 успешно обучени индивидуалци во сферата на сметководство, даноци и консалтинг сметаме дека меѓу младите има и повеќе од доволно интерс за професијата доколку истото се презентира интерактивно, со примери и со јасно дефинирани цели кон кои тие можат да чекорат во кариерата.

20 години едукативни обуки

Повеќе од 20 години вршиме едукативни обуки, тренинг и усовршување на оние кои се почетници или дел од сметководствените и финансиски тимови во компаниите. Ние, денес сме водечка компанија, лидер во делот на едукација на финансиските работници во земјата. Обуките се наменети за оние кои сакаат да се стекнат со вештини во сметководство и практична примена на даноците како и оние кои го подготвуваат испитот за стекнување звање Сметководител и Овластен сметководител. Нашите ученици доаѓаат од сите индустрии и големини на компании, а си заминуваат полни со кариерна мотивација и знаење.

Успеавме да докажеме како практичната едукација може да биде почеток на професионална кариера!

Обуки

Сметководство и даноци

  • Практично водење на сметководство, примена на даночно законодавство и контрола на финансиски извештаи
  • Практични вештини во сметководство, примена на законите: ДДВ, ДД и ПД, изработка на завршна сметка

Финансии

  • Анализа на Финансиски извештаи. Проширување на знаењето во областа на финансиите со концепти, техники и алатки за правење финансиски анализи; полесно користење на финансиските информации за цели на планирање, и
  • Канцелариско, благајничко и арховско работење.

In house обуки

In house обуките се наменети на вработени во финансов сектор:

  • Менаџери,
  • Сметководители, и
  • Аналитичари

Вршиме обуки за ваши вработени од финансовиот сектор: менаџери, сметководители и аналитичари со цел да се овозможи развој на компанијата во целина и личен развој на персоналот. Обуките ги изведуваме во вашата компанија, прилагодени на спецификите и потребите на вашето секојдневно работење.