Практична примена на ЗДДВ, ЗДД, ЗПДД и изготвување на завршна сметка

Учесници

Учесникот треба да поседува работното искуство и знаење во областа на сметководство или финасии (тестирање заради утврдување на степенот на стручни познавања), или посетено обука: Практично водење на сметководство и примена на даночно законодавство - основен курс.

Временска рамка

Вкупно траење на обуката: 50 часа настава и 20 часа работа на проекти.
Термин: сабота, настава од 10.00 до 15.30 часот (8 дена) и 20 часа работа на проекти дома.

Програма на обуката

Евидентирање настани по основ на средства, обврски, приходи, расходи, и капитал, изготвување на завршна пресметка за две пилот фирми.

Врз основа на документи за друштвата со претежна дејност: градежништво и производство: изводи, влезни и излезни фактури, договори, ситуации, сметкопотврди, патни налози, фискални извештаи, патни налози, одлуки од управителот, извештај за попис, и други учесникот изготвува:

  • налози за книжење, согласно критериумите за презентирање и мерење на средства, обврски, приходи и расходи по МСС и МСФИ;
  • пресметка на ДДВ;
  • пресметување и евидентирање на задржан данок на приход платен на странски правни лица;
  • пресметка на персонален данок по разни основи;
  • усогласување на фактичката состојба по попис со сметководствената евиденција;
  • пресметка на курсни разлики;
  • пресметка на амортизација;
  • временски разграничувања и долгорочни резервирања;
  • усогласување на аналитичката евиденција со главна книга;
  • контрола на салдата на средства, обврски, приходи, расходи и капитал;
  • затварање на класа 4 и 7, утврдување и распоредување на резултатот од работењето - добивка пред оданочување;
  • утврдување основа за пресметување на данок на добивка (непризнаените расходи и помалку искажаните приходи);
  • утврдување добивка за тековната година;
  • изготвување Извештај за финансиска состојба (Биланс на состоба), Извештај за добивка или загуба (Биланс на успех), Извештај за останата сеопфатна добивка;
  • Изготвување обрасци до надлежни институции (ДБ, ДБ-ВП, ПДД-ГИ, ДД-ИД).

Обработени теми поврзани со законот за Данок на додадена вредност

  • Даночен третман на репрезентативни давања;
  • Даночен третман на попусти и продажба по пониски цени;
  • Даночен аспект на резултатите по пописот;
  • Пополнување на поле 27 од ДДВ пријавата;
  • Даночни износи кои се должат според челн 32 точка 2 и 4 од Законот;
  • Неовластено истакнат ДДВ;
  • Книжни одобренија (член 22);
  • Примени и дадени аванси;
  • Исправка на одбивката од предходните даноци;
  • ДДВ врз основа на даноци;
  • Право на одбивка на претходниот данок содржан во залихата на добрата наменети за натамошна продажба кај даночните обврзници кои прв пат се регистрирани за ДДВ, а кои биле набавени пред нивната регистрација за ДДВ;
  • Специфичност на оданоченување на услугите од странски правни лица;
  • Кусок/вишок при влез на стоки во магацин, други теми поврзани со ДДВ.

Стекнатото знаење од обуката претставува солидна основа за успешно работење на слушателите во: финансискиот сектор на компаниите од бизнис сферата, од државните органи или работа во банка.

Обработени теми поврзани со законот за Данок на добивка

  • Евидентирање на трошоци (признаени/непризнаени) по основ на: надоместоци на трошоци и други лични примања од работен однос (дневници, теренски додаток, одвоен живот, надоместоци во случај на смрт, штети, отпремнина, испратнина, регрес, јубилејни награди, боледување, селидби, користење возило), организирана исхрана и превоз, надоместоци на членови на управен и надзорен одбор, репрезентација, донации и спонзорства, камати по кредити, осигурителни премии, казни, пенали, стипендии, отпис и исправка на вредноста и др.,
  • Задржувањето на данок по основ на приходи од: дивидени, камати, авторски права, забавни и спортски активности, од вршењето на менаџмент, консалтинг, финансиски услуги, услуги на истражување, телекомуникациски услуги, осигурителни премии за осигурување или реоси- гурување, закуп на недвижности,
  • Пресметување на данок од добивка на исплатена дивиденда,
  • Годишен данок на вкупен приход.



Обработени теми поврзани со законот за Личен доход

Трошоци за правното лице/приходи за физичкото лице по основ на:

  • договори за дело, стипендии, донации, лекување;
  • хотелски сметки;
  • членство во органи на управување;
  • издавање под закуп на движен и недвижен имот и др.

Агенда по денови

  • Ден 1 Данок на добивка
  • Ден 2 Данок на добивка
  • Ден 3 Персонален данок на доход
  • Ден 4 Данок на додадена вредност
  • Ден 5 и 6 Изготвување на завршна пресметка на пилот фирма - градежништво
  • Ден 7 и 8 Изготвување на завршна пресметка на пилот фирма – производство (ли трговија на мало)

Очекувани резултати

По завршување на обуката учесникот треба:

  • да ги применува законски прописи и професионална регулатива: ЗДДВ, ЗДД, ЗПД, МСС, МСФИ, МСФИ за МСЕ;
  • да дефинира и објаснува поими од областа на сметководството;
  • да ги разбира сметководствените настани;
  • да разликува видови трошоци, приходи и расходи;
  • да поврзува конкретен проблем;
  • да ги применува сметките од аналитички сметковен план;
  • да го дефинира поимот приходи/расходи според МСС;
  • да ги идентификува, поврзува и групира дадените приходни и расходни сметки;
  • да го утврдува резултатот од работењето (искажува добивка или загуба);
  • да ги утврди непризнаени расходи (оданочиви расходи и помалку искажани приходи, расходи и помалку искажани приходи од поврзани лица)
  • да составува Биланс на успех;
  • да ги примени знаењата за изработка на биланс на состојба;
  • да ги подредува билансните позиции според законска регулатива;
  • да го прикаже капиталот;
  • да има стекнато способности за логично размислување, решавање на проблеми, анализирање финансиски извештаи и донесување на заклучоци;
  • практично да ги применува стекнатите знаења и способности;
  • самостојно да изготвува финансиски извештаи.

Програмска подршка, опрема и материјал за обуката

Предавањата се одвиваат во опремена просторија со модерна технологија, практична работа на индивидуален компјутер со користење на софтвер за финансово и материјално сметководство. 

Се изработуваат тестови, задачи и проекти за утврдување на стекнатите знаења. 

Сертификат

  • Секој учесник кој успешно ќе ја заврши обуката ќе се стекне со Сертификат за посетена обука за практична примена на законите за ДДВ, ДД и ЛД и  изотвување на завршна сметка.

Пријавување

  • Секој учесник треба да достави ПРИЈАВА ЗА ОБУКА.

Цена

21.000 денари плуд ДДВ

18.000 денари плуд ДДВ за оние кои посетувале обука во Нова консалтинг

Можност за плаќање на три месечни рати.

Цената вклучува

  • БЕСПЛАТЕН СОФТВЕР за финансово и материјално работење со лиценца од една година инсталиран на ваш медиум (usb, лап топ),
  • ПРИРАЧНИЦИ за законите за Данок на добивка,  Данок на додадена вредност и Личен доход,
  • НАСТАВЕН МАТЕРИЈАЛ,
  • ОСВЕЖУВАЊЕ (кафе, чај, цедевита) за време на паузата.


КОНТАКТ ТЕЛЕФОН ЗА ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ: 078 383 053 / 02 3 22 00 54

Податоци за плаќање:

Примач: Нова Консалтинг.
Сметка: 3 0000000 2463254 Комерцијална банка.
Цел на дознака: ПО ФАКТУРА

Термини за обуки

  • 16.01.2021

Информации за предавачот

  • Дипл.ецц, овластен ревизор
  • Основач & CEO - ПКФ Нова Консалтинг
  • Партнер - Ефект плус, друштво за ревизија
  • Претседател - Надзорен Одбор на ИОРРМ
  • Интерен ревизор - ВФП фонд менаџмент 
  • Даночен консултант - WTS Германија
  • Превач на семинари и работилници
  • Надворешен консултант
  • Финансов директор, Електроелемент 2 год.
  • Финансов директор, АДССДП 4 години
  • Програмер и раководител на IT 10 год.
Прочитајте повеќе
Ние успеавме да докажеме како практичната едукација може да биде почеток на професионална кариера!

Nova Konsalting