Сметководство
Ние сме подготвени да Ви ја понудиме нашата стручност и долгогодишно искуство во полето на управување со даноци и сметководство, со цел да ги исполните сите законски обврски и одговорности.
Дозволете ни, да бидеме дел од јадрото на вашиот бизнис и станеме вашиот сметководствен и финансиски сектор!
Аутсорсинг сметководство и поддршка на бизнисот
Нашиот пристап кој го практикуваме е индивидуален и поаѓа од нашиот интерес за разбирање на релевантната индустрија во која вашиот бизнис дејствува, вклучувајќи стратегии, деловни ризици и процеси за управување со ризиците. Нашиот тим располага со стручност и долгогодишно искуство во водење на сметководство на компании од сите големини и сите сектори, со цел да ги исполните сите законски обврски и одговорности. Нашите сметководствени услуги вклучуваат:
- Водење на деловните книги во согласност со МСФИ
- Собирање и процесирање на сите документи
- Контролирање на точноста на документацијата
- Евидеција на трошоковна благајна
- Водење и ажурирање на регистар на основни средства
- Усогласување на фактичка со сметководствена состојба на средства обврски и капитал
- Услуги за подршка на бизнисот со вршење на компаниски секретарски услуги, изготвување на фактури и комуникација со сите надлежни институции
Подготовка на финансиски извештаи во согласност со МСФИ
Ние пред се’ ги штитиме интересите на сопствениците на бизниси и тоа преку прикажување на точна и јасна слика за финансиската состојба на претпријатието преку воспоставување на систем за добивање на објективни финансиски извештаи. Нашиот пристап се базира на спојување на искуствата од ревизијата и сметководството и постојана надоградба на тимот. Нашите услуги вклучуваат:
- Месечни/квартални/гошишни финансиски извештаи
- Изготвување на пробен биланс, Биланс на успех, Биланс на состојба, преглед на парични текови
- Извештаи за добавувачи, купувачи и инвеститори,
- Финансиски извештаи и објаснувачки белешки за потребите на консолидација, и
- други релевантни извештаи
Пресматка и обработка на плата
Работиме со Вашите тимови за човечки ресурси со цел да Ви ги овозможиме следниве услуги:
- Обработка на податоци за евиденција на работно време
- Пресметка на плати и поврзани даноци и придонеси
- Подготовка на платни листи
- Администрирање на боледувања
- Склучување и откажување на договори за вработување пред Агенцијата за вработување, пензискиот фонд, здравствениот фонд и управата за јавни приходи


Нашата цел е да бидеме советници, не архивари, да бидеме дел од решението, не од проблемот, да градиме доверба и меѓусебна соработка со нашите клиенти
Експерти
- Зоре Петрушевска
- Весна Стојковска
- Елена Цветковска
- Савка Николовска
- Елена Костовска
- Ивана Јанкуловска
- Теа Пасинечки
- Мила Велевска