05.05

Рецепт за успех: Постојан развој - совршена кариера!

Рецепт за успех: Постојан развој - совршена кариера!

Активното управување со личната кариера подразбира да се биде во тек со најновите случувања во својата струка, но без дополнителна едукација, денес никој не може да биде професионалец. 

Едукаторите на Нова Консалтинг и Едукација говорат за неопходноста од постојан развој за постигнување на континуирани успеси.

Она што ја дополнува вредноста на едукативниот сектор на Нова Консалтинг, според анализите направени преку испитување на мислењето на повеќе од 3.000 индивидуалци кои досега посетувале обука во Нова, е богатото искуство на предавачите.

Тие, инаку докажани даночни советници и овластени ревизори, и самите за време на обуките имаат за цел да го пренесат не само наставниот материјал, туку и сопствениот стремеж за личен развој.

 “Она што сме го научиле за време на конвенционалните студии е само темел врз кој допрва треба да се градат циглите. Градењето на нашата личност се чини дека е исто како градење куќа. Знењето стекнато на факултет се нашите цврсти темели, но она што ќе не изгради во личностите кои сакаме да бидеме, е контиунираното надоградување на тоа знаење. Мисијата на Нова Консалтинг е да воспостави нови стандарди во процесот на едукацијата и унапредувањето на знаењето и вештините на човековите ресурси, а нејзина цел е да го задржи местото на водечка компанија во оваа област” --вели Кристина Тилиќ, основач и предавач во Нова консалтинг.

СО НОВА КОНСАЛТИНГ ДО ПОДОБРА РАБОТНА ПОЗИЦИЈА!