03.05

Место за мрзеливи нема!

Со многу голема желба за учење ја започнав оваа обука, со уште поголемо задоволство ја завршувам обуката. Искрено сум изненаден од постигнатиот ефект. Уште од првиот момент имате чувство дека нешто сте научиле. Спојот на огромниот број на практични часови поминати во разработка на практични примери, со искуството и отвореноста на предавачот, придонесоа да се стекнеме со нови знаења во финансии и сметководство.

Предавањата - стручни, а организацијата во потполн ред и дисциплина, со еден збор, место за мрзеливи нема. Работа на час, работа дома, успехот е неминовен!

Огромна благодарност на професорката и тимот на Нова Консалтинг што ни овозможија преку прекрасно дружење стекнување на нови знаења и победи.

  • Б.К. раководител на сектор за финансии, ЈП Охридски Комуналец


Наставата беше темелно и детално помината. Темите убаво објаснети. Факт е дека покрај часовите поминати на курсот потребно е да се учи и да се решаваат домашните задачи, проекти со цел да се совлада и материјата.

Имав голема желба да ја посетам обуката, а она што посебно ми остави впечаток е фактот што целиот процес на учење беше ментална гимнастика за мене. Се потсетив на студентските денови, повторно учев и позитивно бев изненадена со чувството на исполнетост и усовршување.

Да, методот е супер. Барате дисциплина и што е многу важно ја добивате. Можеби како група не бевме многу активни, но суштината на материјата ја совладавме. 

  • С.С.

Значително ми помогна целата едукација, а особено работата на реалните проекти и  домашните задачи. Предавачот, Кристина Тилиќ, јасно и разбирливо го пренесе материјалот, како теоретски така и преку примери од секојдневијата на компаниите од стопанството. 

Таа е професионалци со извонреден однос кон слушателите, со соодветен пристап кон секој поединечно, а тоа е она што не мотивира повеќе да научиме,  да навлезете во секој специфичен проблем,  да наоѓаме повеќе решенија, едноставно да го сакаме тоа што го работите.

Успехот на Нова консалтинг дефинитивно е резултат на спој на знаење, искуство и начин на пренесување на знаење.

Благодарам.

  • М.Ѓ. финансов асистент