02.08

Создавање на квалитетни кадри!

Интерактивниот пристап на учење со таква динамика која кај сите нас го задржа интересот за работа, како за време на обуката, така и дома...

Со оваа обука стекнав многу важни и суштински знаења од областа на сметководството и даноците. 

Особено продуктивен беше интерактивниот пристап на учење со таква динамика која кај сите нас го задржа интересот за работа, како за време на обуката, така и дома. 

Посветеноста на Кристина се одрази преку нејзините методи, вклучувајќи теорија и пракса, успешно да ни ја пренесе содржината на наставата.

Оваа обука во вистинска смисла ги надмина моите очекувања од аспект на работата што ја извршувам, но истовремено и од аспект на потребата за создавање квалитетни кадри.

-Катарина, Инспектор во УЈП – РД, Скопје


Оваа обука ќе ми остане во сеќавање пред се заради знаењето што го стекнав, но и заради позитивниот пристап и ведар дух на професорката кој таа успеа да ни го пренесе нам и со тоа да ја сплоти целата група.

Имајќи предвид дека мојата досегашна основа е само две години студии на Економски факултет, на обуката за сметководство се запишав со речиси никакво искуство од сметководството. Сега можам да се пофалам дека не само што имам цврсто познавање од сметководството, туку придобивките се одразија и на мојот личен развој и чувство на сатисфакција. Методот на учење во потполност ги задоволи моите очекувања.


-Александар, студент