30.11

Сеопфатен метод на учење!

Во врска со обуката би можела да кажам дека целосно допринесе во мојот личен развој. Материјата и методот на учење беше сеопфатна и во целост па ги задоволи моите очекувања. Групата со која ги следевме овие предавања беше одлична, работевме како еден тим. 

Голема благодарност и само пофални зборови би можела да кажам за предавачот на обуката Кристина Тилиќ која со нејзиниот метод на предавање целосно не доближи во сметководството. 

Ми беше чест и задоволство што бев дел од оваа обука.

-Мартина Бошеска, Административен асистент, ИОРРМ


Пристапот и методот на предавање ги задоволи моите очекувања. 

Особено ми помогна проектот кој ние, учениците, го работевме дома: “Комплетно сметководство на пилот фирма”, 

со изготвување на главна книга, ДДВ пријави, аналитика, магацински картици...”.  Пристапот на проектот помага да навлеземе во суштината на сметковоството и да се посветиме на контролите на салдата на контата.

Обуката ќе ми помогне во мојот професионален развој и мислам да ја продолжам со напредниот дел од обуката.

-  Стефан Христовски, Оперативен менаџер, Бебел Тојс  ЛТД


Оваа обука ми помогна во мојот дополнителен развој. Пристапот и методот на учење ги задоволи моите очекувања и ми помогна во работата која ја работам.

Имаше убава работна атмосфера, се развија пријателства и нови контакти кои ќе се одржуваат.

- Слаѓана Манојловска, Административен асистент, Бебел Тојс  ЛТД


Оваа обука допринесе за мојот личен развој, ги исполни моите очекувања. Во сеќавање ќе ми останат колегите од групата како и предавачот Кристина и позитивната атмосфера. 

Целокупната обука со тестовите и проектите за дома допринесе за на крајот да се стекнеме со големо знаење од сметководството.

- Емир Оскакач, Невработен



Обуката придонесе за зголемување на моето знаење, како теоретско така и практично.

Секој дел од обуката беше јасно, прецизно обработен и прикажан од нашиот предавач.

Целокупната атмосфера придонесе за одлично слушање на предавањата.
100% задоволна.

- Анета Балоска - Грданоска, помошник шеф, Продавница