01.01

Како се испративме со последната група во 2019-та?

Декември 2019

Со голема возбуда, среќа, а воедно и тага ги пишувам овие зборови...
Прекрасни моменти поминати во овие два и пол месеци на обука во Нова Консалтинг. Нови дружења, знаења, бесценето време... Посебно Кристина, која не научи и не воведе во светот на сметководството на само за неа својствен начин.
Ти благодарам Кристина!

-Т.К. референт по план и анализа, ЗК Пелагонија – АД Битола


Од оваа обука може да се добие само позитивен фидбек, затоа што апсолутно го доловува концептот што значи да се биде сметководител.
Безрезервната поддршка на предавачот и нејзиното огромно искуство и способност да го пренесе на учесниците тоа искуство и знаење, комплетно го реализираат концептот – да си заминат учесниците со знаењето дома.
Оваа обука е одлично практично искуство што отвора нови можности за секој учесник

-В.Р. асистент во сметководство, Ingram Micro Macedonia


Одлично конципирани часови, со интензивен интерактивен пристап. Кристина е високо професионален, строг предавач, кој умее да го држи секој поединец од групата фокусиран на материјата која се изучува, во текот на целиот час. За мене ова беше прекрасно искуство. Освен надградбата на знаењето, стекнав и фантастични пријателства. Презадоволна од обуката, препорачувам!

- З.Н.  


Пристапот и методот на учење, начинот на предавањата, се целосно разбирливи, предавачот е искусен и има направено добра организација на часовите. Обуката многу ми помогна да стекнам практично знаење, што ми ги разграничи теоретските, претходни знаења од факултет и ми ја долови суштината на функционирање на фирмите и нивното работење. Најдобар предавач! Се гледаме на следната обука.

-К.Р. студент


Посетата на оваа обука ми овозможи да го направам првиот чекор во мојот понатамошен развој, да ги проширам своите видици. Концептот на обуката, пристапот на професорката и нејзиниот начин на објаснување го прави сето тоа пристапно и лесно разбирливо за секој. А и дружењето меѓу нас беше одлично.

-Ј.Р. сметководител, ПКФ Нова консалтинг