16.01

Пат до успехот!

Што мислите колку е важна надоградбата во образованието за професионалниот ангажман во некоја компанија?

Како што кажал и Ајнштајн "Образованието не е учење на факти, туку тренинг на мозокот да размислува‘‘ така и јас  - Електроинжeнер, вработена во приватна фирма што се занимава со изведба на електроинсталации, сметам дека само со надоградба на образованието може да постигнеме успех во работата. Образованието е единствено нешто што никој не може да ни го одземе, а колку повеќе знаеме толку сме посигурни, цврсти и одлучни како карактер и напредок на професионален план.

Огромен број на дипломирани студенти, магистри и доктори на науки од сите научни области, а многу малку вистински работници подготвени да одговорат на предизвиците на современите компании!

Лично јас мислам дека се зависи од самите нас, ако сме упорни и сакаме нешто да научиме и постигнеме не може да постојат препреки. Не секогаш е пресудно какво образование имаме, туку колку сакаме нешто да научиме и успешно да го применуваме тоа. 

Стручните обуки сметам дека го скратуваат ова време.

Јас сум електроинженер, без никаква основа за сметководство и општи економски термини. Во компанијата каде што работам имаме само надворешно сметководство, па многу често се случува да треба да заверам компензација, конфирмаиција на салдо, да направам цесија и често се среќавам со термини што се целосно непознати за мене. Токму поради тоа ја избрав НОВА консалтинг каде се стекнав со големо знаење и сега работите ги извршувам со поголема сигурност во себе.

Во што се состои рецептот на успех кај предавачите во „Нова Консалтинг“, дали е тоа искуството или начинот како се пренесува знаењето?

Кога сме сигурни во себе додека говориме и знаењето го пренесуваме со долгогодишно искуство непостои можност за неуспех, вака би го опишала моето мислење за предавачите. Конкретни, јасни и недвосмислени предавања, поткрепени со многу добар изработен план за совладување на материјалот е многу добар пат кон успех.

Имате ли чувство дека обуките на кои го усовршивте вашето знаење Ви помогнаа во работа? Зошто?

Да, со обуките сум посигурна во себе, имам самодовреба и така многу поуспешно ги владеам разговорите со сметководителите од другите компании. Многу сум задоволна што имав можност да учам од успешни предавачи и да го надоградам своето знање во Нова консалтинг.

Кети Трајчева, електроинженер во "Елтра"