02.11

Интервју со Славко Гавриловски, м-р на економски науки

Интервју со Славко Гавриловски, м-р на економски науки, финансов менаџер на Огри Дооел Скопје
Што мислите колку е важна надоградбата во образованието за професионалниот ангажман во некоја компанија?
Во последниве години во Република Македонија имаме состојба на сериозно голем обем на производство на дипломи од сите циклуси и нивоа на формалното образование, за програми некомпатибилни со барањата на компаниите. Универзитетите во земјата се „гордеат“ со бројките на запишани студенти, но проблемот е тоа што по неколку години тие „бројки“ ќе се соочат со суровата реалност на пазарот на трудот. 
Огромен број на дипломирани студенти, магистри и доктори на науки од сите научни области, а многу малку вистински работници подготвени да одговорат на предизвиците на модерните компании. 


Според мене, во ова сивило она кое дава различни нијанси е дополнителното стручно надградување во вид на обуки, тренинзи, семинари и работилници преку кои ќе се работи на развој  усовршување на практичните вештини. Праксата ми покажува дека работодавецот секогаш го бира оној работник за кој му треба најмалку време успешно да го вклучи во работниот процес.
Стручните обуки сметам дека го скратуваат ова време.
Добро направен план за дополнително образование со сигурност може да донесе предност при вработување, но сметам дека вредноста е особено изразена  подоцна, во работните процеси и предизвиците во рамки на компанијата која се поседува или во која се работи.
Во што се состои рецептот на успех кај предавачите во „Нова Консалтинг“, дали е тоа искуството или начинот како се пренесува знаењето?
За „Нова Консалтинг“ дознав преку препорака на пријател, професионалец во дејноста на делување на тренинг центари. Искрено сум изненаден од постигнатиот ефект. Уште од првиот момент имате чувство дека нешто сте научиле. Поминав неколку години како дел од тимот на еден од големите универзитети во Македонија и многу добро ја разбирам реченицата „ученикот да си отиде со знаењето дома“Во мојот случај „на работа“. 
Искрено спојот на огромниот број на практични часови поминати во разработка на примери со искуството и отвореноста на предавачот според мене е тоа што ја полни училницата во „Нова Консалтинг“.

Сметате ли дека денеска во Македонија може да се успее и „БЕЗ ВРСКИ“, доколку поседувате квалитет?

Луѓето кои ме познаваат знаат дека сум тврдокорен оптимист во поглед на ова прашање. Можеби мојот одговор некому ќе му звучи како фикција, но сепак ова е само мое мислење и не мора да се прифати. Врските во форма на инструмент за селекција на кадар постоеле, постојат и ќе постојат. Тоа е феномен кој тешко изумира. Но поборник сум на тезата дека ќе дојде денот кога ќе се гледа колку вие реално вредите пред се преку тоа колку вие знаете и сте способни, а не преку тоа колку и кои луѓе ги познавате. Сметам дека полека но сигурно компаниите во Македонија почнуваат да ги гледаат вработените „вистински“ како капитал, а не само како пар раце. Останува времето да покаже дали оваа моја теза е издржана или не.


Имате ли чувство дека обуките на кои го усовршивте вашето знаење Ви помогнаа во барањето на нова работа? Зошто? Дали се почувствувавте посигурни?

На многубројните интервјуа на кои сум присуствувал при барањето работа секогаш поголемо внимание се придавало на сертификатите од практични обуки и нивна анализа отколку на формалните дипломи. Не можам да потврдам со сигурност дека обуките ми помогнаа при добивањето на работната позиција, но дефинитивно можам да говорам за тоа дека ми помогнаа за успешно функционирање по вработувањето. Кариерата ме доведе во фаза на потполна преквалификација при што без дополнителните обуки сигурен сум дека немаше да успеам.

Сигурност, дефинитивно да. Кога аплицирате за работа на која се бараат познавања за кои во вашето CV имате соодветен сертификат од завршена практична обука на која сте го работеле она кое се очекува од работната позиција дефинитивно чувствувате сигурност и самодоверба, некако како да сте на свој терен.