02.11

Успевањето во Македонија „без врски“ бара голема посветеност, трпение....

Драгица Шелдарова Крстевска, дипл ецц. Финасoв раководител во "Наше такси" за обуките вели:

Обуките, конкретно мене, бидејќи не барав нова работа, ми помогнаа да ги совладам побрзо работните обврски и да создадам опции за полесно разрешување на проблемите кои тековно претходно се појавуваа. Со други зборови, мене ми помогнаа да напредувам на работното место. Така што, мое мислење е дека обуките секако, Ве движат напред или со подобра работна позиција или со работно место во подобра компанија. Зависи само од Вас што барате. 

Но важно е, дека обуките Ви даваат сигурност при донесувањето одлуки, при барањето решенија, во текот на дискусиите на состаноците излегувате со конкретни предлози подучени од примерите работени на обуките. 

Да секако, дека сте посигурни во тоа што го работите, бидејќи знаете дека можете да понудите опција или одговор кој е правилен.

Сметате ли дека денеска во Македонија може да се успее и „без врски“, доколку поседувате  квалитет?

Успевањето во Македонија  “без врски” бара голема посветеност, трпение и успешност покрај образованието и обуките. 

Верувам дека постои, но верувам дека поголем проблем е да се добие работното место без никакво работно искуство. Тука можеби клучна улога играат како што велите “врските”. Треба од некаде да се почне, но доколку се добие шанса “без врски“, треба човек навистина да се посвети и особено да држи чекор со надоградба на образованието.

Во што се состои рецептот на успех кај предавачите во „Нова Консалтинг“, дали е тоа искуството или начинот како се пренесува знаењето?

 Предавачите на Нова Консалтинг се професионалци со извонреден однос кон слушателите/ посетителите, со соодветен пристап кон секој слушател/посетител, кој мотивира повеќе да “ барате знаење”, да навлезете повеќе во специфичниот проблем, да наоѓате повеќе решенија на еден проблем, едноставно да го сакате повеќе тоа што го работите. Тоа според мене, дефинитивно е резултат на спојот искуство и начин на пренесување на знаење и јас сум им многу благодарна за тоа.