01.01

Во примена новиот Закон за личен доход

Oд 1 јануари 2019 година започнува да се применува Законот за данок на личен доход објавен во Службен весник на РМ бр. 241/18 од 26.12.2018 година. 

Со овој закон се уредува оданочувањето на личниот доход на физичките лица, обврзникот за плаќање на данокот на личен доход, даночната основа за пресметување на данокот на личен доход, даночните стапки, роковите за плаќање на данокот на личен доход, како и други прашања кои се значајни за утврдување и плаќање на данокот на личен доход.

На веб страната на Управата за јавни приходи, објавени се насоки во врска со примената на новиот Закон за данок на личен доход кој започнува да се применува од 1 јануари 2019 година. 

Соопштение на УЈП може да го погледнете на веб страната на УЈП на следниот линк 

http://www.ujp.gov.mk/mk/javnost/soopstenija/pogledni/674

Превземи текс од УЈП Насоки во врска со примена на Законот за личен доход