Новости

Датуми за обуки

ОБУКА

Практична примена на законите за: ДДВ, ДД и ПДД, изготвување завршна пресметка

Сметководство 2


18.11.2017

САБОТА

од 10:00 до 15:30 часот

50+20 Часа – 8 Денa


ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ

ОБУКА

Практично водење на сметководство, примена на даночно законодавство и контрола на финансиски извештаи

Сметководство 1


20.11.2017

ПОНЕДЕЛНИК / СРЕДА

од 17:00 до 19:45 часот

68 Часа – 18 Денa


ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ

ОБУКА

Практично водење на сметководство, примена на даночно законодавство и контрола на финансиски извештаи

Сметководство 1


05.12.2017

ВТОРНИК / ЧЕТВРТОК

од 17:00 до 19:45 часот

68 Часа – 18 Денa


ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ

Изјави на УЧЕНИЦИ

Условите во кои се работи секако ги надминаа моите очекувања, одлични се!
 
Начинот и темпото на  презентирање на материјата се исто така компелтно избалансирани.
 
Можеби фали уште некој час или пак мене така ми се чини заради убавите навики и прекрасното дружењето за време на часови.
 
Со завршување на обуката се стекнавме со познавања од сметководството и финансиите кои се неопходни без разлика на секторот во кој работиме. Секако, покрај наученото, ќе ги паметам и колегите и нашата најдобра teacher Кристина!
 
За во иднина, завршниот тест може да биде и потежок J
Верица ТодороваFinance & Commercial Coordinator, Facility Management Services dooel
Оваа обука ги надмина сите мои очекувања во поглед на знаењето што го добив како и за пријатната атмосфера во текот на предавањата. Истотака ми остави впечаток како Вие толку умешно  и со едноставни примери ни ги доловувате настаните.
Секако овие месеци ќе ги паметам и по дружења со останатите колеги.
За крај, со големо задоволство ја завршувам оваа обука, но и сомалку тага заради разделбата!
Иван Ристов
Во текот на обуката јас го научив она што на некој начин ми беша во „во сенка „.  По завршувањто на овој курс јас се чувствувам потполно спремен да ја работам работата којашто е во рамките на мојот делокруг на работа. И покрај мојата струка којашто е далеку поразлична од оваа проблематика јас сум премногу задоволен со одлуката: да го посетувам курсот!
 
Згора на се јас запознав нови амбициозни пријатели кои ќе ми останат засекогаш.
 
За крај ОГРОМНА благодарност до професорката!
Димитар ЈоновскиДипл. Електро инж.
Почитувана Кристина, чуствувам потреба да напишам свој коментар во врска со обуката до Вас лично. Чест ми е што ве запознав и што учев од Вас, и со нетрпение ја очекувам следната соработка. 
 
Конфучие кажал: Во сите нешта успехот зависи од претходната подготовка. Без подготовка, пропаста ни е сигурна.  Јас, како почетник во сметководството, решив подготовката да ја стекнам во Нова Консалтинг односно да учам од Вас. И не погрешив. Часовите беа проследени со практични примери, а  Вие на едноставен начин несебично се трудевте да ни го пренесете своето знаење. Сето тоа многу ми помогна брзо да го совладам наставниот материјал и да почнам самостојно да ги извршувам моите работни задачи. 
 
И сега по завршувањрто на обуката со гордост ќе кажам дека сум една од учениците на Кристина Тилиќ,и со нетрпение ја очекувам следната обука. 
Јасмина КитановскаДипл. Економист, Сметководител во Пи Финанс
Како студент на магистерските студии по финансии и финасово право, обуката на Нова Консалтинг придонесе моите теоретски познавања во врска со даноците, да ги применам практично.
 
Сметам дека е пожелно за секој дипломиран студент од ова поле на наука да ја посети оваа обука – задолжително!
Ленче ЗдравевскаДипл. Економист
Предавањата беа професионални и одлично пренесени на ученикот. Начинот на кој професорката предава е  ефикасен, пристапот непосреден, и што е најважно, ученикот неприметно станува мотивиран се повеќе да учи и да го збогатува стоето знаење.
 
Доколку во иднина би требало да соработувам или да користам услуги и знаења од професионален и принципиелен ревизор/консултант, тоа ќе биде Кристина.
 
Благодарам за едукацијата, подршката и поттикот да учиме до крај!
Нина ЛутвиоскаДипл. Економист