Едукација

Обуки in house

IN HOUSE oбуки за ваши вработени од финансовиот сектор: менаџери, сметководители и аналитичари

Вршиме обуки за ваши вработени од финансовиот сектор: менаџери, сметководители и аналитичари со цел да се овозможи развој на компанијата во целина и личен развој на персоналот. Обуките ги изведуваме во вашата компанија, прилагодени на спецификите и потребите на вашето секојдневно работење.

Обукитe се наменети за:

Менаџери од финансов сектор

Многу често, луѓето се поставени на позиција за управување со финансии со недоволно познавање на финансовото работење. Ним им е потребна енерична програма за контрола, читање и анализа на финансиски извештаи, што ќе допринесе за развој на нивните вештини, ќе го намали ризикот од непознавање на финансиите и справување нa ризик од злоупотреба на овластувањата на вработените.

Сметководители

Обуката овозможува проширување на знаењата и вештините на вашите вработени во областа на сметководство, правилна примена на законски прописи и даночната регулатива.

Аналитичари во финансов сектор

Обуките овозможуваат проширување на знаењата на вашите вработени во областа на финансиите со концепти, техники и алатки за правење финансиски анализи; полесно користење на финансиските информации за цели на планирање.
Ако сметате дека на вашите вработени им се потребни дополнителни обуки, контактирајте не, нашиот тим ќе го дефинира најдобро решение за вашите потреби.