Едукација

Обука Сметководство 1

ПРОГРАМА НА ОБУКАТА

  • Применлива законска регулатива во областа на сметководство и даноци;
  • Контна рамка;
  • Обработка на документи и контирање на изводи;
  • Основи на законот за ДДВ и изготвување на ДДВ пријава;
  • Фактури – согласно законот за ДДВ, сметководствено евидентирање на влезни фактури;
  • Приходи/расходи и сметководствено евидентирање на излезни фактури;
  • Пресметка на придонеси и персонален данок од плата и евидентирање на плата;
  • Магацинско работење, методи на вреднување на залихи, утврдување; на набавна вредност на залиха согласно МСС2;
  • Трговија на мало: приемни листи, евидентирање на дневен пазар;
  • Обработка на на документи: девизни изводи и пресметка на курсни разлики;
  • Пресметка и евидентирање на трошоци преку благајна, оформување на документација за благајна;
  • Аналитика на добавувачи/купувачи;
  • Пресметка на амортизација, отпис на ситен инвентар;
  • Контрола на салда од средстава, обврски, приходи, расходи и капитал;
  • Припреми за завршна пресметка, затварање на салдата на приходните и расходните конта (класа 4 и 7), евидентирање на резултатот од работење, запознавање со обрасци за завршна пресметка (БС, БУ);
  • Отварање почетен биланс – почетен налог за наредна година.

ОЧЕКУВАНИ РЕЗУЛТАТИ

  • да ги познава основните законски прописи и дел од професионална регулатива (МСС, МСФИ, МСФИ за МСЕ);
  • да ги препознава и применува документите, да ја контролира нивната оформеност од аспект на законските прописи;
  • да ја разбере суштината на евидентирањето;
  • да ги разбира сметководствените настани;
  • да ги применува сметките од аналитички сметковен план и да изготвува налози за книжење;
  • да ја искаже билансната рамнотежа;
  • да отвори Т-е сметки со нивно точно салдо: дебитно или кредитно;
  • да ја разбира аналитичката евидеција за побарувања и обврски;
  • да ги дефинира и групира средствата, обврските и капиталот;
  • да го утврди расходот по основ на продадени залихи согласно МСС2;
  • да води евиденција на набавка и продажба врз основа на документи;
  • да пополнува материјална картица;
  • да поврзува конкретен проблем;
  • да ги анализира и утврдува точноста на сметките пред пресметка на данок на додадена вредност (поднесување на ДДВ пријава);
  • да го анализира дебитното, кредитното салдо сметките на средства, обврски, приходи, расходи и капитал;
  • да стекне способности за логично размислување, решавање на проблеми;
  • практично да ги применува стекнатите знаења и способности.
Стекнатото знаење од обуката претставува солидна основа за успешно работење на слушателите во: финансискиот сектор на компаниите од бизнис сферата, од државните органи или работа во банка.

ИЗЈАВИ НА УЧЕНИЦИ

Условите во кои се работи секако ги надминаа моите очекувања, одлични се!
 
Начинот и темпото на  презентирање на материјата се исто така компелтно избалансирани.
 
Можеби фали уште некој час или пак мене така ми се чини заради убавите навики и прекрасното дружењето за време на часови.
 
Со завршување на обуката се стекнавме со познавања од сметководството и финансиите кои се неопходни без разлика на секторот во кој работиме. Секако, покрај наученото, ќе ги паметам и колегите и нашата најдобра teacher Кристина!
 
За во иднина, завршниот тест може да биде и потежок J
Верица ТодороваFinance & Commercial Coordinator, Facility Management Services dooel

ФОТО

ЦЕЛОСНА ГАЛЕРИЈА

ПРОГРАМСКА ПОДРШКА, ОПРЕМА И МАТЕРИЈАЛ ЗА ОБУКАТА

Предавањата се одвиваат во опремена просторија со модерна технологија, практична работа на индивидуален компјутер со користење на софтвер за финансово и материјално сметководство.
Се изработуваат проекти, тестови и задачи за утврдување на стекнатите знаења за секоја целина пооделно, а со вкупен обем од 30 тестирања, како и наставен материјал во вид на прирачник.