Административни услуги

Комуникација со даночни власти 

Ние можеме за Вас, брзо и професионално, да ја извршуваме целата кореспонденција со значајните институции: Управа за јавни приходи,  општина, Централен регистар, Агенција за вработување, Фондот за здравство, и др.

  • Изготвување и поднесување барања до Централен регистар, или електронско превземање на информации
  • Комуникација со даночни власти и други државни институции
  • Поднесување документи во УЈП, банка...
  • Регистрација на Данок на додадена вредност.

Банкарското работење

  • Отварање резидентна сметка (денарска и девизна) во банка
  • Отварање на нерезидентна сметка
  • Помош во девизното работење
  • Составување на извештаи за Народна Банка

Нашето искуство ке Ви помогне во изборот на најповолна банка,  особено ако сте почетник во бизнисот преку споредбен преглед на условите кои ги нудат деловните банки.

Совети поврзани со Законот за евиденција во трговија и фискализација

  • Совети и помош во платниот промет а особено околу работата со кодови, токени, фискални апарати
  • Евиденција во трговијата на големо и мало, (приемни калкулации, магацинско работење, приемни листи во трговија на мало, трговска книга, дневни финансиски извештаи и друго).

Совети при изработка на документација

  • Фактури, меморандуми, испратници и други документи
  • Книга на влезни и излезни фактури
  • Матична евиденција на вработените
  • Организација на систем за проток на документи во системи со повеќе организациони единици,стручна помош во организација и вршење на редовни и вонредни пописи.




Nova Konsalting


Нашето мото е: да обезбедиме доверба на која вие можете да сметате во секое време!