Анализа на финансиските извештаи

Цел

Проширување на знаењето во областа на финансиите со концепти, техники и алатки за правење финансиски анализи; полесно користење на финансиските информации за цели на планирање.

Учесници

Учесниците треба да поседуваат знаење во областа на финасии или сметководтсво (сметководители, сопственици на компании, управувачки менаџмент, или невработени заради стекнување нови знаења).

Сертификат

Секој учесник се стекнува со Сертификат за посетена обука за Анализа на финансиски извештаи.

Времетраење

2 дена, 12 часа

Програма на обуката

  • Финансиските извештаи – Цел, Општи карактеристики, Комплетен сет на ФИ
  • Структура и содржина на ФИ
  • Извештај за финансиска состојба
  • Извештај за сеопфатна добивка
  • Извештај за промени во главнината
  • Извештај за парични текови
  • Белешки
  • Цели и правила на анализата на финансиските извештаи
  • Статичка и динамичка анализа
  • Анализа на Билансот на успех (приходи и расходи)
  • Анализа на Билансот на состојба (средства, обврски и капитал)
  • Пресметка на финансиски индикатори (профитабилност и поврат на капитал, долгорочна солвентност и стабилност, краткорочна солвентност и ликвидност, показатели на обрт, показатели на вложувања

Очекувани резултати

По завршување на обуката учесникот треба:

  • Да ја знае основата за презентирање на ФИ за општа намена, со цел да обезбеди споредливост како со ФИ на друштвото од предходните периоди така и со ФИ на други друштва;
  • Да знае да ги применува барањата од МСС1 за презентирање на ФИ, упатствата за нивната структура и минималните барања за нивната содржина;
  •  да ги анализира приходите и расходитр од работењето;
  • да направи хоризонтална и вертикална анализа;
  • да врши пресметка и проценка на показателите на работењето.

Програмска поддршка, опрема и материјал за обука

Предавањата се одвиваат во опремена просторија со модерна технологија, практична работа на индивидуален компјутер со користење на софтвер за финансово и материјално сметководство.

Се изработуваат проекти, тестови и задачи за утврдување на стекнатите знаења за секоја целина пооделно.

Цена


10.000 денари

Цената вклучува трошоци за работен материјал, тестови, наставен материјал, освежување за време на паузата.




Информации за предавачот

  • Дипл.ецц, овластен ревизор
  • Основач & CEO - ПКФ Нова Консалтинг
  • Партнер - ПКГ ЕФП, друштво за ревизија
  • Претседател - Надзорен Одбор на ИОРРМ
  • Интерен ревизор - ВФП фонд менаџмент 
  • Даночен консултант - WTS Германија
  • Превач на семинари и работилници
  • Надворешен консултант
  • Финансов директор, Електроелемент 2 год.
  • Финансов директор, АДССДП 4 години
  • Програмер и раководител на IT 10 год.
Прочитајте повеќе
Ние успеавме да докажеме како практичната едукација може да биде почеток на професионална кариера!

Nova Konsalting