Клиенти
Нас, работата ни е предизвик! Во однос на услуги што се во нашиот фокус, ние се соочуваме со предизвици кои се толку разновидни како и нашите клиенти. Ние индивидуално го развиваме најдоброто решение за секое даночно прашање. Со нашата голема експертиза во националните закони и експертизата на нашите колеги од ПКФ Глобал во меѓународните даночни закони, ние ги поддржуваме клиентите од сите големини и различни видови на правни форми.
Поддржуваме клиенти од сите големини
ИНТЕРНАЦИОНАЛНИ КОМПАНИИ
Искуство со интернационални компании
Посебен предизвик за нашиот тим се интернационалните компании. Нашата локална експертиза со глобалното знаење од земјите членки на ПКФ се рефлектира во нашата клиентска структура, која се состои од бројни странски компании кои основаат бизниси во Македонија
ГОЛЕМИ КОМПАНИИ И ЈАВЕН СЕКТОР
Ревизија, консалтинг едукација за големи компании и јавен сектор
Ние ги разбираме посебните услови и предизвици со кои се соочуваат средните и големите компании, и јавниот сектор и им обезбедуваме широк спектар на услуги, особено со нашата експертиза во областа на ревизија, консалтинг и едукација
МАЛИ КОМПАНИИ И НПО
Идеален партнер за мали клиенти и НПО
Како лојален и доверлив партнер, ние ги поддржуваме микро и малите компании, претприемачите, фондациите и непрофитниот сектор со високо стручен тим за сите сметководствени, даночни и правни прашања во комбинација со континуирана едукација на нивните вработени во финансовиот сектор.