Влада и Јавен сектор

Со глобално знаење обезбедуваме решенија кои функционираат на локално ниво

Владите постојано се соочуваат со предизвици да обезбедат јавни услуги на најекономичен, најефикасен и најефективен начин. Но, воопшто не е лесно да се добие оптимална комбинација од овие 3. Ние го користиме своето глобално знаење за да обезбедиме решенија кои ќе функционираат на локално ниво. 

  • Работиме со владини институции, локални самоуправи, локални власти и општини, образовни институции, здравствени установи, поранешни комунални претпријатија и новоприватизирани организации.

Поседуваме експертиза за управување со проекти

  • Ние, имаме експерти за јавни набавки и за управување со проекти, за евалуација на најдобрите практики и подобрувања на процесите и работењето. 
Почетоците на искуството со јавниот сектор произлегуваат од екпертизата на еден од основачите на компанијата, Кристина Тилиќ, која има работно искуство повеќе од 10 години во Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор на Р.Македонија од кои 4 години како финансов директор.

Обезбедуваме ревизорски услуги за јавен сектор

Ние имаме долгогодишно искуство со ревизија во согласност со ревизорските стандарди за проекти и странски фондови. Нашето знаење во решавање на проблемите во индустријата и пристапот ни овозможува углед на нашите експерти во:

  • финансиските проекции
  • финансиите за развој
  • внатрешната контрола
  • ревизијата и даноците
  • и други прашања поврзани со вистински и фер финансиско известување.


Nova Konsalting


Нашето мото е: да обезбедиме доверба на која вие можете да сметате во секое време!