Сметководство, примена на даночно законодавство и контрола на ФИ

Научи сметководство практично – и работи сигурно

Ова не е класична обука со теорија. Ова е практична обука каде што учиш да размислуваш и да работиш како сметководител – чекор по чекор, со реални документи, книжења, даночен третман и контроли.

Со 20+ години искуство и над 4.500 обучени учесници, ќе  работиме заедно за да стекнеш знаење што можеш веднаш да го примениш во реална компанија – од обработка на документите до контрола на финансиските извештаи.

  • Практична работа како во вистинска фирма 
  • Проекти, контроли и логика – не учење напамет 
  • Сметководство, даноци и финансиски извештаи поврзани во една целина
  • Индивидуален пристап и менторство
  • Комбинирана обука (online + во живо)
  • Примена на современи алатки (вклучително и ChatGPT) 
На крајот од обуката ќе знаеш самостојно да водиш сметководство и да контролираш финансиски извештаи

За кого е наменета обуката за сметководство?

Обуката започнува од основите, но продолжува на повисоко практично ниво – до самостојно водење сметководство, примена на даночните прописи и контрола на финансиските извештаи.

Наменета е за:

  • Компании  кои сакаат да ги дообучат своите вработени 
  • Вработени во сметководство и финансии кои сакаат да го надградат знаењето и да напредуваат во кариерата
  • Почетници и невработени кои сакаат практично знаење за побрзо вработување.

Времетраење

  • 72 часа + 20 часа менторска поддршка 

Вкупно 18 дена, два пати неделно од 17:00 -20:00 часот

Што добиваш? 

  • Практична работа со реални документи и проект
  • Индивидуален пристап и 20 часа менторство
  • Сметководствен софтвер за работа дома
  • Практичен пирачник за сметководство
  • Сертификат од Министерство за образование
  • ChatGPT за анализа и контрола

Цена

24.000 денари 

  • Можност за плаќање на рати
  • Резервација со 4.000 денари
  • Бројот на учесници е ограничен со цел да се обезбеди индивидуален пристап 
  • Пријавување и информации: 078 383 053

Пријавување, уплата и општи услови

  • Пријавување: Пополни пријава за обука
  • Уплата: Минимум 4.000 денари
  • Откажување пред почеток: Уплатениот износ се враќа намален за 4.000 денари организациски трошоци или се пренесува како аванс за следен термин.
  • По започнување на обуката: Учесникот има обврска за целосна уплата, без оглед на понатамошното присуство.
  • Оправдано отсуство: Обуката може да продолжи во следен термин, во договор со организаторот.
  • Информации: 078 383 053



Програма

Основи на сметководство и регулатива

  • Законска и професионална регулатива од областа на сметководството и даноците
  • Рамка на финансиско известување (МСС/МСФИ)
  • Сметководствени концепти и контен план
  • Финансиски извештаи – структура и поврзаност

Евидентирање и книжење

  • Правила за книжење и примена на двојно книговодство
  • Анализа на трансакции врз основа на документи (изводи, фактури, касови извештаи, пресметки за придонеси, ДДВ, данок на добивка и др.)
  • Евиденција на тековни средства, обврски и капитал
  • Изготвување на бруто биланс и коригиран бруто биланс

Основни средства и инвентар

  • Набавка и аналитичка евиденција на материјални и нематеријални средства
  • Методи на амортизација и отпис на ситен инвентар
  • Евиденција и вреднување на залихи (суровини, стоки, увоз, малопродажба)
  • Магацинско работење

Трошоци, приходи и обврски

  • Видови на трошоци и нивно книжење (материјални, нематеријални, плати и надоместоци)
  • Евиденција на приходи и расходи (големопродажба, малопродажба, извоз)
  • Анализа на побарувања и обврски

Даноци, извештаи и контрола

  • Практична примена на Законот за ДДВ и Законот за данок на добивка
  • Изготвување и книжење на ДДВ пријава и даночен биланс
  • Контрола на салда, затворање на сметки и подготовка на финансиски извештаи
  • Биланс на состојба, биланс на успех и отворање почетен биланс

Практичен проект

  • Самостојна обработка и книжење на документација во сметководствен софтвер
  • Поврзување на книжењата со ДДВ, даночните обврски и бруто-билансот
  • Контрола на главната книга и проверка на книжењата
  • Подготовка и контрола на финансиските извештаи

Учи сметководство од најдобрите предавачи!


Очекувани резултати

По завршувањето на обуката, учесникот ќе може:

  • Самостојно да анализира и книжи сметководствена документација
  • Да води и контролира сметководствени евиденции и бруто-биланс
  • Правилно да го применува даночниот третман и да подготвува ДДВ пријави и даночен биланс
  • Да препознава грешки и да врши сметководствени и даночни контроли
  • Да подготвува и контролира финансиски извештаи

Нова консалтинг и едукација

Термини за обуки

  • 28.09.2026
  • 16.11.2026

Информации за предавачот

  • Дипл.ецц, овластен ревизор
  • Основач & CEO - ПКФ Нова Консалтинг
  • Партнер - ПКГ ЕФП, друштво за ревизија
  • Претседател - Надзорен Одбор на ИОРРМ
  • Интерен ревизор - ВФП фонд менаџмент 
  • Даночен консултант - WTS Германија
  • Превач на семинари и работилници
  • Надворешен консултант
  • Финансов директор, Електроелемент 2 год.
  • Финансов директор, АДССДП 4 години
  • Програмер и раководител на IT 10 год.
Прочитајте повеќе
Ние успеавме да докажеме како практичната едукација може да биде почеток на професионална кариера!

Nova Konsalting