Непрофитен сектор
Непрофитните ентитети во Македонија генерално се потпираат на странски донации кои имаат ригидна регулатива во поглед на набавките, трошоците и нивно известување.
Ние поседуваме експертиза во верификација на трошоци на проекти
Нашето знаење во решавање на проблемите во индустријата и пристапот ни овозможува углед на експерти во финансиските проекции, финансиите за развој, внатрешната контрола, ревизијата и даноците и други прашања поврзани со вистинските и фер финансиско известување. Броиме многу претходни ангажмани со сите донатори во Македонија како ЕУ фондовите, ИПА фондовите, ЦФЦД, УСАИД итн.
Ние сме вклучени во повеќе од 100 ангажмани како ревизори, контролори и вршиме верификација на трошоци и одлично ги познаваме регулативите во поглед на набавките и признавање на трошоците.
Донатори со кои имаме работено
- ЕУ фондови ( CARDS; IPA; EIDHR)
- Caritas Австрија
- Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC)
- UNHCR
- SEEDnet
- CNV International
Консултанти на бројни проекти во регионот
Нашите ревизори се ангажирани како консултанти во бројни проекти на ЕУ во регионот, вклучително и Косово и Турција
Аутсорсинг сметководствени услуги на проекти
Ние веруваме дека имаме идеална комбинација на искуство, ресурси и знаење неопходни за реализација на специфични услуги потребни за ревизија и аутсорсинг сметководство согласно барањата на донаторите , вклучувајќи:
- Партнери и професионалци со соодветно искуство вклучени во текот на целиот процес
- Ресурси, стручно знаење и експертиза насочени кон комплексни активности;
- Минимум инволвирање во тековни активности, за кратко време, без да се доведе во прашање квалитет на услугите.
Нашето мото е: да обезбедиме доверба на која вие можете да сметате во секое време!