Сметководство

Ние сме подготвени да Ви ја понудиме нашата стручност и долгогодишно искуство во полето на управување со даноци и сметководство, со цел да ги исполните сите законски обврски и одговорности.

Дозволете ни, да бидеме дел од јадрото на вашиот бизнис и станеме вашиот сметководствен и финансиски сектор!

Аутсорсинг сметководство и поддршка на бизнисот

Нашиот пристап кој го практикуваме е индивидуален и поаѓа од нашиот интерес за разбирање на релевантната индустрија во која вашиот бизнис дејствува, вклучувајќи стратегии, деловни ризици и процеси за управување со ризиците. 

Нашиот тим располага со стручност и долгогодишно искуство во водење на сметководство на компании од сите големини и сите сектори, со цел да ги исполните сите законски обврски и одговорности. 

Интернационални компании

Посебен предизвик за нашиот тим се интернационалните компании. Нашата локална експертиза со глобалното знаење од земјите членки на ПКФ се рефлектира во нашата клиентска структура, која се состои од бројни странски компании кои основаат бизниси во Македонија.

Големи компании и јавен сектор

Ние ги разбираме посебните услови и предизвици со кои се соочуваат средните и големите компании, и јавниот сектор и им обезбедуваме широк спектар на сметководстени услуги, особено со нашата експертиза на клучниот персонал во акционерски друштва и јавни претпријатија.

Мали компании и НПО

Како лојален и доверлив партнер, ние ги поддржуваме микро и малите компании, претприемачите, фондациите и непрофитниот сектор со високо стручен тим за сите сметководствени, даночни и правни прашања во комбинација со континуирана едукација на  нивните вработени во финансовиот сектор.


Нашите сметководствени услуги вклучуваат

  • Водење на деловните книги во согласност со МСФИ
  • Собирање и процесирање на сите документи
  • Контролирање на точноста на документацијата
  • Евидеција на трошоковна благајна
  • Водење и ажурирање на регистар на основни средства
  • Усогласување на фактичка со сметководствена состојба на средства обврски и капитал
  • Услуги за подршка на бизнисот со вршење на компаниски секретарски услуги, изготвување на фактури и комуникација со сите надлежни институции

Подготовка на финансиски извештаи во согласност со МСФИ

Ние пред се’ ги штитиме интересите на сопствениците на бизниси и тоа преку прикажување на точна и јасна слика за финансиската состојба на претпријатието преку воспоставување на систем за добивање на објективни финансиски извештаи. Нашиот пристап се базира на спојување на искуствата од ревизијата и сметководството и постојана надоградба на тимот.  Нашите услуги вклучуваат:

  • Месечни/квартални/гошишни финансиски извештаи
  • Изготвување на пробен биланс, Биланс на успех, Биланс на состојба, преглед на парични текови
  • Извештаи за добавувачи, купувачи и инвеститори,
  • Финансиски извештаи и објаснувачки белешки за потребите на консолидација, и
  • други релевантни извештаи

Пресматка и обработка на плата

Работиме со Вашите тимови за човечки ресурси со цел да Ви ги овозможиме следниве услуги:

  • Обработка на податоци за евиденција на работно време
  • Пресметка на плати и поврзани даноци и придонеси
  • Подготовка на платни листи
  • Администрирање на боледувања
  • Склучување и откажување на договори за вработување пред Агенцијата за вработување, пензискиот фонд, здравствениот фонд и управата за јавни приходи.


Креативно видео од нашите омилени креатори на Instagram содржини

Nova Konsalting

Nova Konsalting


Нашата цел е да бидеме советници, не архивари, да бидеме дел од решението, не од проблемот, да градиме доверба и меѓусебна соработка со нашите клиенти

Експерти

  • Кристина Тилиќ
  • Зоре Петрушевска
  • Елена Цветковска
  • Јасмина Ристевска
  • Љупчо Костовски
  • Ивана Јанкуловска
  • Теа Пасинечки
  • Мила Велевска