Практична примена на ЗДДВ, ЗДД, ЗПДД и изготвување на завршна сметка
Учесници
Учесникот треба да поседува работното искуство и знаење во областа на сметководство или финасии (тестирање заради утврдување на степенот на стручни познавања), или посетено обука: Практично водење на сметководство и примена на даночно законодавство - основен курс.
Временска рамка
                                                    Вкупно траење на обуката: 50 часа настава и 20 часа работа
                                                        на проекти. Вкупно 70 часа.                                                    
                                                    Термин: сабота, настава од 10.00 до 16.00 часот (8 дена) и 20 часа
                                                    работа на проекти дома, со менторство од Нова консалтинг.
                                                
Учи од најдобрите предавачи!

Програма на обуката за сметководство
Евидентирање настани по основ на средства, обврски, приходи, расходи, и капитал, изготвување на завршна пресметка за две пилот фирми.
Врз основа на документи за друштвата со претежна дејност: градежништво и производство: изводи, влезни и излезни фактури, договори, ситуации, сметкопотврди, патни налози, фискални извештаи, патни налози, одлуки од управителот, извештај за попис, и други учесникот изготвува:
- налози за книжење, согласно критериумите за презентирање и мерење на средства, обврски, приходи и расходи по МСС и МСФИ;
 - пресметка на ДДВ;
 - пресметување и евидентирање на задржан данок на приход платен на странски правни лица;
 - пресметка на персонален данок по разни основи;
 - усогласување на фактичката состојба по попис со сметководствената евиденција;
 - пресметка на курсни разлики;
 - пресметка на амортизација;
 - временски разграничувања и долгорочни резервирања;
 - усогласување на аналитичката евиденција со главна книга;
 - контрола на салдата на средства, обврски, приходи, расходи и капитал;
 - затварање на класа 4 и 7, утврдување и распоредување на резултатот од работењето - добивка пред оданочување;
 - утврдување основа за пресметување на данок на добивка (непризнаените расходи и помалку искажаните приходи);
 - утврдување добивка за тековната година;
 - изготвување Извештај за финансиска состојба (Биланс на состоба), Извештај за добивка или загуба (Биланс на успех), Извештај за останата сеопфатна добивка;
 - Изготвување обрасци до надлежни институции (ДБ, ДБ-ВП, ПДД-ГИ, ДД-ИД).
 
Обработени теми поврзани со законот за Данок на додадена вредност
- Даночен третман на репрезентативни давања;
 - Даночен третман на попусти и продажба по пониски цени;
 - Даночен аспект на резултатите по пописот;
 - Пополнување на поле 27 од ДДВ пријавата;
 - Даночни износи кои се должат според челн 32 точка 2 и 4 од Законот;
 - Книжни одобренија (член 22);
 - Примени и дадени аванси;
 - Исправка на одбивката од предходните даноци;
 - Специфичност на оданоченување на услугите од странски правни лица;
 - Кусок/вишок при влез на стоки во магацин, други теми поврзани со ДДВ;
 - Право на одбивка на претходниот данок содржан во залихата на добрата наменети за натамошна продажба кај даночните обврзници кои прв пат се регистрирани за ДДВ, а кои биле набавени пред нивната регистрација за ДДВ;
 - Неовластено истакнат ДДВ; и
 - други теми поврзани со ЗДДВ.
 
Стекнатото знаење од обуката претставува солидна основа за
                                                        успешно
                                                        работење на
                                                        слушателите во: финансискиот сектор на компаниите од бизнис
                                                        сферата,
                                                        од
                                                        државните органи или работа во банка.
Обработени теми поврзани со законот за Данок на добивка
- Евидентирање на трошоци (признаени/непризнаени) по основ на: надоместоци на трошоци и други лични примања од работен однос (дневници, теренски додаток, одвоен живот, надоместоци во случај на смрт, штети, отпремнина, испратнина, регрес, јубилејни награди, боледување, селидби, користење возило), организирана исхрана и превоз, надоместоци на членови на управен и надзорен одбор, репрезентација, донации и спонзорства, камати по кредити, осигурителни премии, казни, пенали, стипендии, отпис и исправка на вредноста и др.,
 - Задржувањето на данок по основ на приходи од: дивидени, камати, авторски права, забавни и спортски активности, од вршењето на менаџмент, консалтинг, финансиски услуги, услуги на истражување, телекомуникациски услуги, осигурителни премии за осигурување или реоси-осигурување, закуп на недвижности,
 - Пресметување на данок од добивка на исплатена дивиденда,
 - Годишен данок на вкупен приход.
 
Обработени теми поврзани со законот за Данок на личен доход
Трошоци за правното лице/приходи за физичкото лице по основ на:
- договори за дело, стипендии, донации, лекување;
 - хотелски сметки;
 - членство во органи на управување;
 - издавање под закуп на движен и недвижен имот и др.
 

Агенда по денови
- Ден 1 Данок на личен доход
 - Ден 2 Данок на добивка
 - Ден 3 Данок на добивка
 - Ден 4 Данок на додадена вредност
 - Ден 5 и 6 Изготвување на завршна пресметка на пилот фирма - градежништво
 - Ден 7 и 8 Изготвување на завршна пресметка на пилот фирма – производство (или трговија на мало)
 
Очекувани резултати
По завршување на обуката учесникот треба:
- да ги применува законски прописи и професионална регулатива: ЗДДВ, ЗДД, ЗПД, МСС, МСФИ, МСФИ за МСЕ;
 - да дефинира и објаснува поими од областа на сметководството;
 - да ги разбира сметководствените настани;
 - да разликува видови трошоци, приходи и расходи;
 - да поврзува конкретен проблем;
 - да ги применува сметките од аналитички сметковен план;
 - да го дефинира поимот приходи/расходи според МСС;
 - да ги идентификува, поврзува и групира дадените приходни и расходни сметки;
 - да го утврдува резултатот од работењето (искажува добивка или загуба);
 - да ги утврди непризнаени расходи (оданочиви расходи и помалку искажани приходи, расходи и помалку искажани приходи од поврзани лица)
 - да составува Биланс на успех;
 - да ги примени знаењата за изработка на биланс на состојба;
 - да ги подредува билансните позиции според законска регулатива;
 - да го прикаже капиталот;
 - да има стекнато способности за логично размислување, решавање на проблеми, анализирање финансиски извештаи и донесување на заклучоци;
 - практично да ги применува стекнатите знаења и способности;
 - самостојно да изготвува финансиски извештаи.
 

Програмска подршка, опрема и материјал за обуката
Предавањата се одвиваат во опремена просторија со модерна технологија, практична работа на индивидуален компјутер со користење на софтвер за финансово и материјално сметководство.
Се изработуваат
                                                    тестови, задачи и проекти за утврдување на стекнатите знаења. 
Сертификат
- Секој учесник кој успешно ќе ја заврши обуката ќе се стекне со Сертификат за посетена обука за практична примена на законите за ДДВ, ДД и ЛД и изотвување на завршна сметка - државно признат сертификат.
 
Пријавување
- Секој учесник треба да достави ПРИЈАВА ЗА ОБУКА.
 
Цена
40.000 денари
Плаќање на две (2) месечни рати.
Цената вклучува
- СОФТВЕР за финансово и материјално работење со лиценца од една година инсталиран на ваш медиум (usb, лап топ),
 - ПРИРАЧНИЦИ за законите за Данок на добивка, Данок на додадена вредност и Личен доход,
 - НАСТАВЕН МАТЕРИЈАЛ.
 
КОНТАКТ ТЕЛЕФОН ЗА ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ: 078 383 053 / 02 3 22 00 54
Податоци за плаќање:
                                                    Примач: Нова Консалтинг. 
                                                    Сметка: 3 0000000 2463254 Комерцијална банка. 
                                                    Цел на дознака: ПО ФАКТУРА
                                                

Термини за обуки
- 23.03.2026
 
Информации за предавачот
                        
                        
                        
  | 
                
Ние успеавме да докажеме како практичната едукација може да биде почеток на професионална кариера!