Ревизија & ангажмани на усогласеност

Ревизијата е независна услуга која ја утврдува сигурноста, вистинитоста и кредибилитетот на финансиските извештаи преку кои сите засегнати страни на една компанијата се информираат за финансиската состојба. Наша задача, како на одговорен ревизорски тим со 16 годишно искуство, е изразување на независно и стручно мислење за тоа дали Вашите финансиски извештаи вистинито и реално ги прикажуваат финансиската состојба и резултатот од работењето.

Што вклучуваат нашите услуги?

  • Нашата методологија е заснована на ризик, поддржана со моќна анализа на податоците и технологија. Усвоивме ревизорски пристап базиран на професионален интегритет и докажана методологија, со кој вршиме:
  • Идентификување и процена на ризици од материјално погрешно прикажување во финансиските извештаи
  • Утврдување на степенот на конзистентност на финансиските извештаи од неколку изминати години и нивната усогласеност со Меѓународните сметководствени стандарди и Меѓународните стандарди за финансиско известување
  • Утврдување на соодветноста на користените сметководствени политики
  • Утврдување на степенот на ефикасност на воспоставените интерни контроли

Ревизија на усогласеност

Во денешната трка со времето менаџментот е ставен под притисок на донесување на навремени одлуки, базирани на сигурни информации од доверлив советник. Вие треба да имате верба во Вашите системи, контроли и финансиска евиденција и треба да бидете во можност да ја додадете истата доверба на вашите акционери, инвеститори и клиенти. Ние ги имаме потребните ресурси, искуство и опсежно локално знаење за ефикасно справување со сите ваши потреби за осигурување во која било индустрија.

Внатрешна ревизија

Модерната внатрешна ревизија им помага на организацијата да донесе систематски и дисциплиниран пристап за подобрување на ефективноста на контролните и управувачките процеси. Нашите професионалци можат да обезбедат доволно информации за правилно поставување на процесите на внатрешна ревизија.

ИТ Ревизија и безбедност

Нашиот тим со долгогодишно искуство во ИТ обезбедува информации и правилни решенија за Вашиот ИТ систем, и воспоставување на сигурен пристап и чување на податоците на субјектите од сите големини, помагајќи им да идентификуваат ризици и области кои треба да се подобрат и рационализираат.

Ревизија на проекти

Развојот на бизнисот со користење на средства добиени од фондовите на Европската унија и Светската банка подразбира потреба од издавање на уверенија на ревизорите за спроведување на проекти, сметководствени системи и внатрешна контрола, како и документи за порамнување. 

Нашиот тим има искуство и знаење потребни за вршење на ревизии во однос на сите оперативни и рамковни програми. Ние ги извршуваме ревизиите на проекти во согласност со: Насоките на Европската комисија издадени за одделни програми,Меѓународни стандарди за ревизија издадени од Одборот за стандарди за меѓународна ревизија и уверување (IAASB), и Актуелна законска регулатива

На што се основа нашиот ревизорски пристап?

Индивидуален пристап

Ревизорскиот пристап кој го практикуваме е индивидуален и поаѓа од нашиот интерес за разбирање на релевантната индустрија во која вашиот бизнис дејствува, вклучувајќи стратегии, деловни ризици и процеси за управување со ризиците. 

Ги штитиме интересите на сопствениците

Ние пред се’ ги штитиме интересите на сопствениците на бизниси и тоа преку прикажување на точна и јасна слика за финансиската состојба на претпријатието. Стручното мислење кое го изразуваме во ревизорскиот извештај е јасно, концизно и релевантно.

Nova Konsalting

Стотици ревизорски ангажман за ЕУ фондови и сите позначајни донатори!

Експерти

  • Николаки Миов
  • Кристина Тилиќ
  • Марија Левкова
  • Весна Миовска
  • Јасенка Миова

Партнери и професионалци со соодветно искуство вклучени во текот на целиот процес на планирање и ревизија