Ние веруваме дека имаме идеална комбинација на искуство, ресурси и знаење неопходни за реализација на специфични услуги потребни за вашата дејност од основање на бизнисот до контрола на вашите финансиски извештаи.
– Николаки МиовФинансии и осигурување
Ера на бит-коини...
Живееме во ерата на бит-коинот, па така многу од правилата на финансиските пазари се менуваат секоја минута. Рапиден континуиран развој на пазарите, зголемувањето на очекувањата на клиентите и новите канали за дистрибуција ги загрозуваат традиционалните бизнис модели за финансии и осигурување.
Дигитални трансакции
Со посебен акцент на сајбер ризикот кој се содржи во секоја дигитална трансакција и економската нестабилност која наметнува ниски каматни стапки оваа индустрија не е толку атрактивна како што беше порано.
Потреба од алатки за анализа и надминување на ризикот
Се стремиме да се фокусираме на иднината на индустријата за финансиски услуги, вклучувајќи ги и податоците и нивната аналитика, за да се има јасен поглед на ризикот и како тој да се надмине, алтернативните начини на финансирање и постигнување на финансии и инвестициските перформанси.
Осигурување
ПКФ обезбедува ревизорски и советодавни услуги на осигурителни и брокерски компании. Работата со овие бизниси ни дава пристап до сите сектори на пазарот и разбирање на предизвиците со кои се соочуваат.
Нашето мото е: да обезбедиме доверба на која вие можете да сметате во секое време!