Едукација

Обука сметководство - практичен пристап кој ни носи конкурентска предност!

Нашиот пристап кој ни носи конкуретска предност е практичниот приод кон професијата, односно работата во делот на едукација на млади и доедукација на веќе оформени кадри во делот на сметководството и даночното работење.

Феноменот наречен millennials!

Еден од најголемите предизвици на сите компании во денешницата е наоѓање на персонал, едуцирање, мотивирање и задржување на истиот. Со доаѓањето на феноменот наречен millennials на работните позиции, кои се социјална генерација која од работата бара пред се да носи предизвици и кариерен напредок, финансиите и сметководството некако доаѓаат во заден план, перцепирани како досадна, статична и репетитивна задача а не како кариера.

Ние, вработените во ПКФ Нова консалтинг, можеме да Ви помогнеме да се справите со овој проблем. 

Дали кај младите има интерес за сметководствената  професија?

Со повеќе од 3.000 успешно обучени индивидуалци во сферата на сметководство, даноци и консалтинг сметаме дека меѓу младите има и повеќе од доволно интерс за професијата доколку истото се презентира интерактивно, со примери и со јасно дефинирани цели кон кои тие можат да чекорат во кариерата.

Нашите ученици се нашата иднина!

Нашите ученици доаѓаат од сите индустрии и големини на компании, а младите си заминуваат полни со кариерна мотивација и знаење.

Со практична едукација до професионална кариера!

“Во изминативе 20+ години, посветено работење, пренесување на знаење, искуство и вештини, успеавме да докажеме како практичната едукација е почеток на професионална кариера!"

-Кристина Тилиќ


Nova Konsalting


Нашето мото е: да обезбедиме доверба на која вие можете да сметате во секое време!