Услуги на контрола и усогласеност
Контрола на процеси за управување со ризици
Целта која сакаме да ја постигнеме е: Вие, како наш клиент да се стекнете со уверување дека значајните финансиски, менаџерски и оперативни информации се точни, проверени и навремени, усогласени со даночното законодавство; ресурсите се користат економично и активностите на организацијата се во согласност со: сметководствените политики и процедури, склучените договори и законите и интерните акти.
Што вклучуваат нашите услуги?
- Контрола на сметководствена евиденција и правилна примена на МСС, МСФИ и МСФИ за МСЕ
- Финансиска контрола
- Контрола на усогласеност со општа регулативата
- Контрола на успешноста во работењето
- ИТ контрола
Контрола и усогласеност со даночна регулатива
Тимот на ПКФ Нова консалтинг, спремен е да ја понуди сета стручност, професионалност и нашето 20 годишно искуство во:
толкување и практична примена на законите за Данок на додадена вредност, Данок на добивка и Персонален данок на доход, контрола и усогласеност на целокупната Ваша сметководствена документација со даночната регулатива! - Кристина Тилиќ.
- Усогласеност на Вашиот даночен долг со даночните прописи
- Минимизирање на Вашиот даночен долг
- Помош при толкување на записници од контрола од страна на даночните власти (УЈП) и застапување на Вашите интереси на завршен разговор
- Составување на проценки, приговори и жалби поврзани со даночна регулатива
- Контрола на усогласеност на договорните обврски со даночна регулатива
- Совети за изготвување на даночни пријави, поднесување во соодветни рокови, рокови за плаќање даноци и други важни датуми
Усвоени принципи од страна на нашите тимови:
- Обезбедување на совети подржани на законска основа и користење на насоки дадени од страна на професионални тела а особено даночната администрација на Р.С. Македонија,
- Обезбедуваме сигурност дека повратот на данокот е секогаш поткрепен со соодветна документација, обелоденувања и законски исправни толкувања.
Нашата визија е да нашето постоење и ангажирање го засноваме на хумани вредности, принципи и технологии!