За ПКФ Македонија
Партнери - членки на ПКФ Глобал
- ПКФ Нова консалтинг, ДОО Скопје, друштво за сметководство и даночен консалтинг, основано 2002 година
- ПКФ EФП ДОО Скопје основано 2002 година, како прво ревизорско друштво во Македонија
Кои сме ние?
- Овластени ревизори
- Овластени сметководители
- Овластен регистрационен агент за основање правни лица во Македонија
- 20 години професионално искуство
- 20 години континуиран развој
- 20 години имплементација на најновите стандарди во областа во која го потврдуваме нашиот интегритет.
Ние докажуваме високо ниво на професионалност преку услугите што ги нудиме: ревизија, сметководство, даночен консалтинг, советодавни услуги и образовни програми за обука за оние кои се подготвени да станат експерти заедно со нас.
Повеќе од 10 години, повеќе од 200 обуки за практично сметководство, данок и финансии, со над 3.000 учесници нашиот Тренинг центар е лидер во неформалното образование специјализирано за обука за сметководство и финансии.
Ние успеавме да докажеме како практичната едукација може да биде почеток на професионална кариера!
– Кристина ТилиќНашите приоритети
Стабилност на тимот
Нашата способност да ги задржиме најдобрите луѓе и да се обезбеди стабилност на тимот доаѓа со фокус на нашиот персонал - на лицата кои ги прават нашите услуги она што се денес и нивното унапредување во иднина.
Градиме доверба и соработка со нашите клиенти!
Ние се стремиме да го засноваме нашето постоење и ангажирање врз човечките вредности, принципи, технологии и да растеме со вас како и нашите клиенти.
Ние сме дел од решението, ние го решаваме проблемот!
Нашата главна цел е да научиме повеќе за вашиот бизнис, да ги разбереме вашите потреби, предизвици и особено вашиот идентитет како составен дел на деловното опкружување.
Вашиот успех е наш приоритет број еден!
Преку ефикасно дејствување ние ви стоиме на располагање со нашите вештини, стручност и знаење во секое време. Ние темелно го разгледаме секој настан релевантен за вашата компанија и не дозволуваат ништо да остане незабележано.