In-house обуки

Вршиме обуки за ваши вработени од финансовиот сектор: менаџери, сметководители и аналитичари со цел да се овозможи развој на компанијата во целина и личен развој на персоналот. Обуките ги изведуваме во вашата компанија, прилагодени на спецификите и потребите на вашето секојдневно работење.

За кого се наменети обуките?

  • Менаџери од финансов сектор

Многу често, луѓето се поставени на позиција за управување со финансии со недоволно познавање на финансовото работење. Ним им е потребна енерична програма за контрола, читање и анализа на финансиски извештаи, што ќе допринесе за развој на нивните вештини, ќе го намали ризикот од непознавање на финансиите и справување нa ризик од злоупотреба на овластувањата на вработените.

  • Сметководители

Обуката овозможува проширување на знаењата и вештините на вашите вработени во областа на сметководство, правилна примена на законски прописи и даночната регулатива.

  • Аналитичари во финансов сектор

Обуките овозможуваат проширување на знаењата на вашите вработени во областа на финансиите со концепти, техники и алатки за правење финансиски анализи; полесно користење на финансиските информации за цели на планирање.

Ако сметате дека на вашите вработени им се потребни дополнителни обуки, контактирајте не, нашиот тим ќе го дефинира најдобро решение за вашите потреби - Кристина Тилиќ




Информации за предавачот

  • Дипл.ецц, овластен ревизор
  • Основач & CEO - ПКФ Нова Консалтинг
  • Партнер - ПКГ ЕФП, друштво за ревизија
  • Претседател - Надзорен Одбор на ИОРРМ
  • Интерен ревизор - ВФП фонд менаџмент 
  • Даночен консултант - WTS Германија
  • Превач на семинари и работилници
  • Надворешен консултант
  • Финансов директор, Електроелемент 2 год.
  • Финансов директор, АДССДП 4 години
  • Програмер и раководител на IT 10 год.
Прочитајте повеќе
Ние успеавме да докажеме како практичната едукација може да биде почеток на професионална кариера!

Nova Konsalting