Ние веруваме дека имаме идеална комбинација на искуство, ресурси и знаење неопходни за реализација на специфични услуги потребни за вашата дејност од основање на бизнисот до контрола на вашите финансиски извештаи.
– Николаки МиовТелекомуникации и ИТ
Потрага по клиенти ширум светот
Со цел да се искористат можностите, да се намалат влијанијата на трендот на намалување на приходите и да се поврзат повеќе клиенти со повеќе нови услуги ширум светот, телекомуникациите мора да ги трансформираат своите бизнис модели, да ги преработат оперативните процедури и да ги обноват своите политики за обука за човечки ресурси и регрутирање.
Работа од далечина
Благодарение на новите ИТ-технологии услугите:
- консултации при изборот на оптимално технолошко решение,
- анализа на потребите и физибилити студија,
- консултации во воведувањето на нови услуги на пазарот,
- специјализирана обука во областа на телекомуникациите, и
- обука во најновите технолошки и маркетинг трендови
може да се работат од далечина. Во потрага по намалување на трошоци, странските ИТ-компаниите се повеќе наоѓаат мотив да го преселат бизнисот во Македонија.
Искуство со ИТ и телекомуникациски компании
Интернет-компаниите, кол-центрите, телекомуникациските и кабелските компаниите можат да се потпрат на разбирањето и искуството на тимот на ПКФ Нова консалтинг при пронаоѓањето на најдобрите пристапи за постигнување на нивните финансиски, оперативни и стратешки цели.
ПКФ Нова консалтинг има успешна соработка во областа на сметководство и ревизија со Мусала софт (Бугарија), ИТС Искрател (Словенија), Фуртхер (Шведска), Istate (Велика Британија)...
Мапирање на ИТ индустријата во Македонија
Нашето мото е: да обезбедиме доверба на која вие можете да сметате во секое време!