Ние веруваме дека имаме идеална комбинација на искуство, ресурси и знаење неопходни за реализација на специфични услуги потребни за вашата дејност од основање на бизнисот до контрола на вашите финансиски извештаи.
– Николаки МиовПравни услуги
Нашето работење е структуирано така да овозможи соодветна комбинација на правна и сметководствена експертиза. Во тесна соработка со адвокат Тања Димевска Ви стоиме на располагање за целокупна заштита и реализација на Вашиот бизнис.
Услуги поврзани со Централниот регистар на Р.С.Македонија
Ние ПКФ Нова консалтинг, нудиме услуги за основање и измена на актите за основање на друштвото:
- Составување на сите акти и превземање на сите дејствија за упис на основање во Централниот регистар на РМ
- Составување на сите акти и превземање на сите дејствија за упис на промена (промена на седиште, основач, основачки влог,назив на фирма, отварање подружница, и сл.) и бришење во Централниот регистар на РМ
- Водење на постапка за вадење на работни дозволи
Изготвување правни акти, договори...
ПКФ Нова консалтинг ја ставаме на располагање нашата стручност во извотвуање на:
- Изготвување на комерцијални договори
- Изготвување на менаџерски договори
- Изготвување акти согласно Законот за работни односи (одлуки, решенија)
- Изготвување одлуки согласно закон за трговски друштва
- Составување интерни акти, правилници, одлуки -правилник за внатрешна организација и систематизација на работни места - правилник за канцелатиско и архивско работење - правилник за благајничко работење - одлуки за исплата на дневници
- Контрола на усогласеност на договорите со правната рамка
- Контрола на усогласеност на договорните односи со даночната регулатива
ЗРО, Пријава/Одјава на вработени..
Спремни сме да ја понудиме нашата стручност како за домашни така и за странски лица во:
- Спроведување акти согласно Законот за работни односи
- Пријава и одјава на вработени во Агенција за вработување, социјално…
- Пријавување на странски физички лица во УЈП и доделување на даночен број
Нашето мото е: да обезбедиме доверба на која вие можете да сметате во секое време!