Ние веруваме дека имаме идеална комбинација на искуство, ресурси и знаење неопходни за реализација на специфични услуги потребни за вашата дејност од основање на бизнисот до контрола на вашите финансиски извештаи.
– Николаки МиовРегистрација на правни лица во централен регистар
Со оптимализација на нашите ресурси одговараме на Вашите потреби уште пред да го започнете Вашиот бизнис, а потоа ви пружаме максимална поддршка низ сите фази на стратешки развој преку кои Вашиот бизнис ја надминува конкуренцијата
- Административна поддршка и консултации во процесот на отварање на Вашата фирма (совети за најпогодната форма за регистрирање на фирма за нов бизнис)
- Регистрација на компанијата во Централен регистар на Р.Македонија
ПКФ Нова консалтинг е лиценциран агент за основање на компании
Централниот регистар е тело овластено да врши регистрациja на фирми и институци, и одржување на трговскиот регистар на сите компании, домашни и странски. На сите странски инвеститори им се доделени истите права и привилегии како на македонските, и тие имаат право да основаат и да работат со сите видови приватни приватни компании или акционерски друштва.
- ПКФ Нова консалтинг е овластен регистрационен агент од 2013 година.
За еден работен ден - основање на компанија
Централниот регистар го спроведува едношалтерски систем преку кој основањето на компаниите во Македонија нормално може да се заврши во рок од 1 работен ден по поднесување на апликацијата за основање.
Едношалтерски систем ги презема сите постапки за регистрација со разни државни органи, вклучувајќи и обезбедување на даночен идентификациски број од Управата за јавни приходи, и времена сметка во банка.
Што е потребно да направите по основање на друштвото?
По подигање на решение за регистрација, компанијата треба да ги превземе следните активности:
- Нарачка на печати
- Активирање на сметка во Банка
- Избор на сметководствено биро и склучување на договор за водење на сметководтво
- Склучување на договор за наем на простор
- Регистрација за цели на Данок на додадена вредност
- Во случај на странски инвестиции, регистрација на странска инвестиција во Централниот регистар...
Што можеме ние вработените во ПКФ Нова консалтинг да направиме за Вас?
Ние ви нудиме можност да одберете комбинација на оние услуги кои одговараат на вашиот бизнис, почнувајќи од регистрација на компанијата, отварање банкарска сметка, регистрација за цели на ДДВ, избор на кандидати за вработување, пресметка на плати, сметководствени услуги и даночни услуги, па се до пружање на услуги во сите фази на вашиот стратешки развој.
Нашето мото е : да обезбедиме доверба на која вие можете да сметате во секое време!