Советодавни услуги

Советодавни услуги при основање на компанија

Со максимално ангажирање на ресурси, ние од ПКФ Нова консалтинг, одговараме на Вашите потреби уште пред да го започнете Вашиот бизнис, а потоа ви пружаме тековна поддршка низ сите фази на стратешки развој преку кои Вашиот бизнис ја надминува конкуренцијата:

  • Административна поддршка и консултации во процесот на основање на компанија
  • Совети за најпогодната форма за регистрирање на фирма и отварање на нов бизнис
  • Подготовка на инвестициони и бизнис планови.

Го детектираме секој потенцијален проблем со алатки за анализа

Во секое време Ви обезбедуваме јасен приказ на резултатите кои Вие ги остварувате, а преку кои ние го детектираме секој потенцијален проблем пред истиот да има влијание врз можноста за профит:

  • Финансиски анализи кои вклучуваат пресметки на показатели според МСФИ
  • Ги толкуваме финансиските податоци преку финансиски анализи и показатели за ликвидност, солвентност, профитабилност
  • Подготвуваме професионална и стручна анализа на Вашите финансиски активности со што овозможуваме развој на Вашиот бизнис

Интерни акти 

Поседуваме долгогодишно искуство во изготвување на интерни акти кои овозможуваат брз развој на бизнисот пред конкуренцијата:

  • Процедури во работењето
  • Организација на финансовиот сектор
  • Посредуваме во избор на човечки ресурси во финансиската област 
  • Изработуваме на интерни акти: сметководствени политики, правилник за работа, правилник за попис...




Nova Konsalting


Нашето мото е: да обезбедиме доверба на која вие можете да сметате во секое време!