06.06

Ефективни, транспарентни и отчетни ГО

Николаки Миов и Кристина Тилиќ имплементатори на обука на представници на граѓанските организации (ГО) за подобрување на отчетноста и транспарентноста, внатрешна демократија и отвореност со цел зголемена доверба во работата на ГО во Битола во деновите од 29-ти во 31-ви Мај. 

Со цел да овозможи создавање на ефективни, транспарентни и отчетни ГО, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), во партнерство со Центарот за информирање, соработка и развој на невладини организации (ЦНВОС) од Словенија и Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН) од Македонија, ја спроведува програмата "Одржливо граѓанско општество – државно финансирање на граѓански организации", финансирана од Европската Унија. 


Во рамки на програмата беше спроведена дводневна обука од страна на предавачите: Николаки Миов и Кристина Тилиќ, на представници на граѓанските организации за финансиско управување и финансиска транспарентност која ќе допринесе кон зајакнување на капацитетите на ГО (граѓанските организации)  за подобрени практики за добро управување, пред се за воспоставување и практикување на системи за функционален и транспарентен систем на финансиски менаџмент во организациите. 


Главната цел на програмата е да придонесе кон создавање на овозможувачка околина за граѓанските организации (ГО) да бидат независни и влијателни актери во општеството. Независноста и влијанието на граѓанскиот сектор ги согледуваме од два аспекта: прво, преку добро изградено разбирање, потреба и почит за граѓанските организации од страна на институциите, и второ, преку зголемена доверба во граѓанските организации од страна на јавноста и нивно препознавање како клучни двигатели на општествените промени. И во двата случаи она што е клучно за развојот на ГО е практикувањето на отчетност и транспарентност, внатрешна демократија и отвореност. Самото практикување и промовирање на овие вредности ќе значи зголемена доверба во работата на ГО.

Оттаму, специфична цел на овој проект е да овозможи создавање на ефективни, транспарентни и отчетни ГО кои работат во овозможувачка финансиска средина.

За да се исполнат овие цели, земајќи ги предвид потребите на целната група, се дефинираат три резултати:

1. Подобрени политики, процедури и буџети за транспарентна, одговорна, фер и недискриминаторска финансиска поддршка на ГО;

2. Зајакната организациска способност, транспарентност и отчетност на ГО;

3. Подигната свест за добро управување и саморегулација на граѓанскиот сектор.

Обуката за финансиско управување и финансиска транспарентност ќе допринесе кон зајакнување на капацитетите на ГО за подобрени практики за добро управување, пред се за воспоставување и практикување на системи за функционален и транспарентен систем на финансиски менаџмент во организациите.