01.07

Алманах на една прекрасна група!

Драги ученици,

неколку зборови ЈАС за ВАС, неколку зборови ВИЕ за МЕНЕ 

Поминавме два месеци исполнети, за вас со многу учење, за мене поттик да ве научам повеќе, бидејќи се сретнав во една средина исполнета со позитивна енергија, хармонија и желба да се научи многу. 16 учесници: 10 со физичко присуство и 6 онлине, сите сплотени како еден. Се врати се она што го изгубивме за време на Ковидот. Неможев да ги соберам учениците од пауза – оние кои што беа со физичко присуство, не можев да ги натерам да не разговараат на часовите, не можев да ги натерам да не зиркаат во туѓа тетратка... Но тоа не е пречка во учењето, напротив, убавото дружење, тимското работење, дава уште поголеми резултат во совладување на наставниот материјал.  

Сите ние ја завршивме оваа обука, ВИЕ побогати со знаење и самодоверба, ЈАС со нови пријатели. Душата ми е полна кога вие сте задоволни. Лицето ми е насмеано кога вие си одите дома со знаењето во рака! 


Симон 

Мој личен предизвик е да бидам подобар во тоа што го работам, а не верував дека некогаш ќе кажам дека сакам да учам и да одам на часови.  

Имав познавање на одредени теми но благодарение на Нова Консалтинг сето тоа знаење доби форма и заокружување од почеток до крај. Стекнав  појасна слика и основна структура потребна за разбирање на сметководството врз основа на кои ми се отворија нови перпективи и теми за откривање и учење. 


Александра

Благодарност за мотивацијата која ја вложивте во сите нас, а посебно што ја поттикнавте желбата да бидеме подобри во област која постојано бара натпреварувачки дух. Да се биде поткрепен со знаење, но и да не се потклекне во процесот на учење е сѐ она што му е потребно на иден сметководител.

Наташа 

Со задоволство ќе го споделам моето искуство откако го завршив курсот по сметководство.  Прво и најважно, сакам да ја изразам својата благодарност кон предавачот Кристина.Часовите беа одлично структурирани и содржеа реални примери и задачи кои помогнаа во појаснувањето на материјалот.  

Обуката беше искусно структуриран и овозможи учење и интеракција со други студенти. Дискусиите и вежбите го зголемија разбирањето и соработката со колегите и ни овозможија на секој од нас да ги прошириме своите знаења.   

Курсот покрива широк спектар на  сметководствени теми, вклучувајќи ги основните сметководствени принципи, критериуми за категоризација на трошоците и приходите, изработка на биланс на состојба и преглед трансакции во главната книга. Имајќи ги овие знаења, сега се чувствувам подготвена и способна да ги применам сметководствените принципи во пракса. Завршувајќи го овој курс, се чувствувам самоуверена и подготвена да работам во областа на сметководството. Моите нови вештини и знаења во сметководството ќе ми помогнат да напредувам во кариерата и да бидам успешена во својата професионална област. 


Зоре 

За мене Нова КОНСАЛТИНГ претставуваше голем предизвик во изучувањето на една дисциплина која се занимава со изучувањето на сметководството од А до Ш.  

Голема чест и задоволсто е да се биде дел од тимот во Нова КОНСАЛТИНГ а уште поголема чест што запознав прекрасни луѓе, сега веќе и мои пријатели, секој со своја успешна приказна ❤. 


Христина

Обуката по сметководство, даночно законодавство и контрола на финансиските извештаи ми овозможија да се стекнам со не само основни туку и многу повеќе познавања во оваа област. Како почетник без никава допирна точка од овој сектор, теоријата поткрепена со многу пракса преку тестови и завршен проект на часовите, заангажираноста на професорката Кристина, ми помогна да можам многу лесно да ги извршувам секојдневните работни задачи, да ја сфатам суштината на сметководството, а секако се надевам дека ќе влијае и на мојот понатамошен професионален успех. 

Секоја чест на професорката Кристина Тилиќ, која на многу добар и вешто организиран начин не вклопи 16 ученика, онлајн и физичко присуство, која со својата харизма, позитивност и строгост (во позитивна смисла)  ни ја задржа концентрацијата и покрај тоа што часовите беа после работно време. 

Мило ми  е и чест ми беше да ги осознаам основите на сметководството од најдобриот професор. Мило ми е што бев дел од оваа екипа, дружба, колегијалност, споделување искуства , надополувања, тоа се тие за мене важни моменти за да постои една добра работна атмосфера меѓу нас учениците. 


Назлије 

Почитувана проф. Кристина, Ви благодарам за Вашиот голем придонес и вложување во периодот на предавањето. Јас сум презадоволна од тоа што имав чест да го учам директно од вас. На соучениците им посакувам многу успех во професионалната кариера, а на Нова консалтинг и понатака успеси. 

Кристина, Вие сте прекрасен професор / предавач, а пред се прекрасна личност. 


Горица Петрушева 

Јас ќе бидам кратка...

Проф. Кристина, Ви благодарам за Вашиот несебичен труд и пренесено знаење, трпеливост, строгост и разбирање што ни го пруживте на предавањата. Ви посакувам многу успешно завршени обуки и задоволни ученици како нас. 


Соња 

Со новите работни обврски имав потреба а и желба да посетам обука за сметководство, мојот избор беше ПКФ Нова Консалтинг. Сега, по завршувањето, јас сум сигурна дека го направив најдобриот избор. 

Голема благодарност до проф. Кристина Тилиќ, за нејзиниот труд, трпеливоста и огромна желба да го пренесе своето знаење на секој од нас. Ми беше чест и задоволство да учам од најдобриот. Големо благодарам! 

01.07.2023