-Билјана Грибовска, економист, Кобил ДООЕЛ – Битола
Почитувана Кристина,
Пред се сакам да Ви се заблагодарам за Вашиот ангажман и несебична преданост да го споделите Вашето знаење и искуство со мене.
Беше големо задоволство да се присуствува на вашите предавања и слободно кажувам дека со нетрпение ги очекував понеделниците и средите.
Предавањата во голема мера ќе ми недостигаат, бидејки секогаш има да се научи нешто плус, секогаш има нешто да се до дефинираа, секогаш има некоја ситуација која треба да се поврзи со друга.
Иако обуката започна во период на завршни сметки, барем јас не ја почуствував, напнатоста и истоштеноста што вообичаено секој професионалец ја има макар и во најмала доза кога треба да се припремаат завршните сметки и финасиските извештаи. Напротив ви благодарам Кристина за енергијата и динамиката која ја внесовте.
Се надевам дека и јас лично го дадов мојот соодветен одговор бидејки и јас бев и лично и професионално ангажирана.
Околу мојот, со цело срце, коментар за обуката :), повелете следното:
Обуката во ПКФ Нова Конслатинг е вредно и важно искуство за секој кој има потреба од професионална надградба или преквалификација.
Без разлика дали се работи за почетник или искусен професионалец во областа на административно- сметководствени работи, курсот е одлично структуиран и во исто време претставува цврста основа и надоградување.
Кристина Тилиќ е одличен едукатор со непроценливо искуство, која успева своето знаење за релативно кратко време да го пренесе на многу ефективен, конкретен, прагматичен и применлив начин.
Со задоволство би била дел и од следните обуки!

21.04.2026